Трет меморијал во чест на трагично и прерано починатиот Бранко Николиќ од с. Николиќ, општина Дојран, организираат жителите на неговото населено место.
Бранко беше фудбалер и редовен играч на терените заедно со своите клубски другари, но и неформално со своите пријатели и другари. Загина трагично на работното место на 18 мај 2021 година. Дојран тагуваше. За него велеа дека е „златно дете“. Советот на општина Дојран ги прогласи 19 и 20 Мај 2021 за денови на жалост во општина Дојран.
На 40-от ден од неговата прерана и непрежалена смрт жителите на Николиќ организираа Меморијал во фудбал нарекувајќи го „Бранко Николиќ“.
И ова година организаторите по трет пат ги повикуваат љубителите на фудбалот да се приклучат и пријават за учество на турнирот во мал фудбал “БРАНКО НИКОЛИЌ” 2023. После успешните два организирани Меморијала, организаторите гордо објавуваат дека „Турнирот треба и мора да остане традиција“, искажувајќи благодарност до организаторот Боро Ристов исто и до спонзорите кои го подржаа овој настан.
Наградниот фонд за најдобрите на теренот изнесува 60.000 денари, а ќе се распредели на следниот начин:
– 30.000 за Прво место
– 18.000 денари за второпласираната екипа и
– 12.000 денари за трето место
Ќе се одигруваат натпревари во три натпреварувачки категории: јуниори, сениори и ветерани.
Рокот за пријавување е до 6 мај, а спортските терени се отвараат за натпреварувачите на 8 Мај годинава.
Во негова чест и незаборав повторно ќе се запалат рефлекторите за Меморијалот „Бранко Николиќ“ 2023 за Вечен спомен од сограѓаните и фудбалските поклоници!