Најтажниот празник Велики петок, ден кога пред два милениума е распнат Исус Христос денеска се одбележува во сите христијански храмови со посета на истите, во знак на оплакување на Христовите страдања.
Велики петок е најтежниот ден во христијанството на кој се одбележува страдањето на Исус Христос, неговото распнување на чесниот крст и неговата смрт за спасување на светот.
Денес црквата се сеќава на настаните кои претходеа на распнувањето на Христос – од моментот кога Исус беше изведен пред судот, па сѐ до моментот кога е симнат од крстот и положен во гробот кој го чувале војници за да спречат некој да го украде неговото тело.
Гевгеличани денеска масовно ги посетија двата црковни храма, принесуваа црвено вапсано јајце кој го симболизира новиот живот, здравје, оптимизам и љубов.. Се поклонуваа пред Плаштаницата на Исус, се протнуваа под масата, поминуваат под неа молејќи се за здравје, мир и благосостојба. Поминувањето под Плаштаницата ја симболизира смртта и воскреснувањето на Христос. Се смета дека оној кој минува под неа влегува како грешник, а излегува како нов човек, прочистен од старите гревови.принесуваа дарови, а за возврат добиваа цвет „здравец“ за здравје.
Црвената боја ја симболизира пролеаната крв на Исус за спасение на луѓето на земјата, а воедно претставува и победа, здравје, оптимизам и љубов.
Денеска во 18 часот во црквата „Св. Кирил и Методиј“ и манастирот „Св. Спас“ во Гевгелија започнува читањето на Статии за Велики Петок и оплакувањето на Христа.