Ученици од гевгелиското Основно музичко училиште „Васо Карајанов“ и годинава учествуваше на натпреварувачкиот Музички Фестивал „Полихимнија“ кој по осма година се одржува во Скопје.
На натпреварите вчера и денес прозвучија многу мелодии во изведба на ученици од музичките училишта од цела држава.
Меѓу сите нив гевгелиските млади музички изведувачи освоија вредни награди:
– Јована Кочева (виолина) – освои ПРВА награда – ученичка во класата на проф. Соња Панова
– Благоја Стоев (пијано) – освои ТРЕТА награда – ученик во класата на проф. Александар Лазаров.
Ова не се први награди за музичкиот расадник од Гевгелија кој постои веќе 45 години и создава генерации музички вљубеници, кои од домашни и меѓународни натпревари се враќаат и со вредни освоени награди.
Честитки за вредните ученици и постигнатите резултати!
Училиштето гордо објавува за псотигнатото со брагодарност за поддршката на родителите и до корепетиторот проф. Владо Сапламаев за неговата соработка.