Сообраќајната несреќа се случила вчера попладне на улица во Гевгелија во која учесници биле автомобил и велосипед. Понезаштитениот возач се здобил со тешки телесни повреди.
Во полицискиот извештај е нотирано дека случајот е пријавен во вторникот попладне, на 25.04.2023 во 15:10 часот во Полициската станица Струмица.
Во пријавата било пријавено дека на улица „Ванчо Прќе“ во Гевгелија, патничко возило „Фолксваген Лупо“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(20) од Гевгелија, удрило во велосипед управуван од Т.А.(54) од Гевгелија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила велосипедистката, констатирани во Медицински центар Гевгелија.
Увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Гевгелија.