Прва масовна градска трка „Стани трчај Штип 2023“ за атлетичарите од Гевгелија донесе еден подиум, Трето место. Носител на медалот е Атанас Епов, член на Атлетскиот клуб „7-ми Ноември“ од Гевгелија.
Забележително постигнато време имаа уште Ристо Чалков кој стаса шести на целта и Кристина Узунова која стаса осма на целта од трката на 5 километри,
Инаку, вкупно 11 атлетичари од АК „7-ми Ноември“ настапија на трката во Штип. Тројцата се забележително истрчано време ги споменавме погоре, а останатите 8-мина учесници се: Никола Ковачев, Никола Костадинов, Иван Мичов, Ване Узунов, Димче Андреев, Зоран Иванов, Мијалчо Андоновски и Валентина Узунова.
Трката имаше меѓународен карактер со тоа што имаше учесници од Холандија, Америка, Турција, Грција и Словенија кои трчаа на „Супериор трка“, која денеска, недела првпат се одржа во Штип. Станува збор за трка на рамна патека на пет и десет километри, која е од општествено-одговорен карактер.
– „Оваа трка има голема симболика. Се испраќаат пораки за мотивација на популацијата за здрав начин на живот, но исто така се испраќа и силна порака – ако животот е трка, да се бориме сите за подобар живот во нашата Општина“ – порачаа организаторите, Здружението „Супериор – Стани, трчај“ од Штип.
Првата масовна градска трка „Стани трчај Штип 2023“ собра на едно место над 580 атлетичари од земјата и уште пет светски земји, што укажува на успешен одзив, а нашите гевгелиски атлетичари покажаа дека и при меѓународна конкуренција можат да се искачат на подимот и да се закитат со медал.
Честитки!