вторник, 20, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Македонија на 38-мо место по слобода на медиуми

По повеќе од една деценија С. Македонија се врати во групата држави со задоволителна слобода на медиумите, искачувајќи се високо за 19 места погоре од 2021 до 2022 година

мај 3, 2023
in MАКЕДОНИЈА
Македонија на 38-мо место по слобода на медиуми
0
SHARES
49
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

По повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите, 3 Мај, „Репортери без граници“ излегоа со ранг иста за 180 земји во светот и состојбата со медиумите во нив.

Северна Македонија напредуваше и се најде на 38-то место во светот од 180 држави вкупно според последниот Индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници. Ова претставува скок од 19 места во споредба со лани, и напредок од дури 52 места во споредба со резултатот од пред две години.

Related posts

Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

мај 19, 2025
Пресуда: 12 години затвор за возачот кој ја усмрти Фросина на пешачки премин

Пресуда: 12 години затвор за возачот кој ја усмрти Фросина на пешачки премин

мај 13, 2025

Според новиот индекс С. Македонија е пласирана највисоко во окружувањето. Зад земјава се Црна Гора (39 место), Хрватска (42), Словенија (50), Косово (56), Босна и Херцеговина (64), Бугарија (71), Србија (91), Албанија (96) и Грција (107).

– „Иако новинарите не работат во непријателска атмосфера, широко распространетите дезинформации и недостаток на професионализам придонесуваат за намалувањето на општествената доверба во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Дополнително, владините функционери знаат да имаат лош и омаловажувачки однос кон новинарите“, стои во образложението за С. Македонија.

Иако од 2018 година драстично се промени методологијата според која Репортери без граници ја оценува слободата на медиумите во земјите од светот, овој резултат на С. Македонија е најдобар во последниве 15 години. Последен пат земјава беше олку високо пласирана во 2009 година, кога беше на 34 место во светот. Оттогаш па до 2021 година забележуваше значителен пад и се наоѓаше во групата на држави со лоша или незадоволителна состојба според слободата на медиумите.

Поединечно, по категории, С. Македонија најдобро стои според индикаторот „законодавство“, каде се наоѓа на 10-место во светот. Потоа следуваат политичкиот (36-то место во светот), социјалниот (50) и економскиот (53). Земјава најлошо стои според безбедносниот индикатор, според кој е пласирана на 64-тото место во светот.

„Новинарите редовно се мета на вербални напади. Под изговор на заштита на државни тајни и лични податоци, тие може да бидат изложени на правни притисоци и агресивен прогон (одлуки за рестрикција на јавно објавување информации и стратешки тужби против јавно учество). Сепак, судовите знаат да застанат во одбрана на слободите и да ги заштитат новинарите. Во главниот град, беше назначен специјален обвинител кој треба да ги процесира случаите на напади врз новинари, а се размислува за отворање на слични оддели низ земјата“, стои во извештајот на Репортери без граници за земјава.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Kрвавиот пат на тинејџерот убиец во училиште во Белград

Next Post

Реакции за масакрот во белградско училиште: Како дојдовме до тоа дете да убива деца!?

Next Post
Реакции за масакрот во белградско училиште:  Како дојдовме до тоа дете да убива деца!?

Реакции за масакрот во белградско училиште: Како дојдовме до тоа дете да убива деца!?

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ИЛОН МАСК ЌЕ СТАНЕ ПРВИОТ ТРИЛИОНЕР во светот до 2027 година

ИЛОН МАСК ЌЕ СТАНЕ ПРВИОТ ТРИЛИОНЕР во светот до 2027 година

8 месеци ago
ВИДЕО: Невреме во Гевгелија, гевгелиско и во Валандово

ВИДЕО: Невреме во Гевгелија, гевгелиско и во Валандово

11 месеци ago
ВИДЕО: Штрковите паѓаат колабирани од жештините во Гевгелија

ВИДЕО: Штрковите паѓаат колабирани од жештините во Гевгелија

10 месеци ago
Утре, понеделник – Ден на жалост за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

Утре, понеделник – Ден на жалост за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци
  • Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција
  • Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

мај 19, 2025
Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција

Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција

мај 19, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist