Македонката Добрила Ивановска Чабриќ, најстарата учесничка и победничка во регионалното шоу „Никогаш не е доцна“, денеска 1 февруари полни 95 години.
Добрила остана запаметена како феномен, во Балканското музичко шоу “Никогаш не е доцна“ (во 2018 год.) откако ги освои симпатиите на публиката од целиот регион на својата тогаш 90 – годишната возраст.
Уште првото појавување на музичката сцена на „Гранд“, оваа шарматна дама од Дојран ги освои присутните и беше наречна “чудо од баба“. Секогаш се чекаше нејзиниот настап и да го наполни студиото со позитивна енергија.
Добрила некогаш беше голема ѕвезда во Русија и Кипар, пееше во Париз, со ансамбли за време на Југославија настапуваше во театарски претстави, музички настапи, ја ираше Коштана, а денес ја нарекуваат „Супер баба“ од Македонија.
– „Мислам дека ќе живеам 100 години и имам време да направам уште многу работи. Не сакам по победата на шоуто на Гранд да исчезнам како комета“, вели Добрила.
Инаку таа е долгогодишен пензионер, но активна во музиката, дружењата, посета на местата кои ги сака. Потекнува од мешовит брак од татко македонец, а мајка србинка. Кариерата ја однела еден период од животот во Белград, но своите пензионерски денови одбрала да ги помине во Дојран. И еве, веќа 35 години вели дека воздуход и јодот од Дојранската езерска вода ја одржуваат витална и енергична за своите години.
– „Воздухот е почист, секаде можам да стасам, никаде не се брзам“, изјавува Добрила.
– „Самото Дојранско езеро е чудно, има многу јод. Кога ќе дојде лето едвај чекам да му се пружам, оти тоа ме држи како морска вода, ќе си легнам и ме носи. И ќе пливам и ќе се одморам, и ќе медитирам, прекрасна вода“, со насмевка и сјај во очите раскажува Добрила за местото кое ја исцелува и одржува како еликсир на младоста.
Среќен роденден за оваа посебна дама, нашинка од Дојран!
Добрила пееше на француски, на руски и беше ѕвезда на сцените на своите меѓународни гостувања.
Една македонска песна со Маја Оџаклиевска
Со гевгелиската кант авторка Оливера Станковска македонската ѕвезда Добрила исто така настапи на „Никогаш не е доцна“.