Тројца планинари од Планинарскиот спортски клуб „Двете уши“ Гевгелија на одржаното Собрание неделава добија заслужено признание од ПСК за реализираното искачување на врвот Голем Арарат 5.137 мнв.
Признание добија планинарскиот ветеран Ристо Картов кој ова остварување го реализираше заедно со Џоко Ризов на ден 8 септември 2022 година, по повод Денот на независноста на Македонија.
Акцијата траеше 6 дена. Освен двајцата членови на ПСК ,,Двете уши” Гевгелија, во тимот за искачување кој броеше 9 члена беа вклучени и планинари-алпинисти од Шпанија, Бугарија и Романија, како и двајца водичи од Турција. Арарат се наоѓа на територијата на Турција и претставува
Овој врв во август 2022 го искачи и претседателот на клубот Пепи Аврамов. Тој исто така доби признание од Клубот „Двете уши“. Признанијата на сите тројца планинари им ги врачи претседателот на Собранието на Клубот, Ване Митров.
Како нов клуб формиран само пред 4 години, Голем Арарат е највисок искачен врв на членовите на ПСК „Двете уши“ и најголема меѓународна планинарска акција на која учествувале гевгелиските планинари од ПСК „Двете уши“. Инаку, треба да се напомене, дека во овој спортски клуб членуваат и искусни планинари кои зад себе веќе имаат значајни остварувања, искачени повисоки врвови во Европа, Азија, Африка и Јужна Америка.
Собранието беше редовно годишно собрание. на кое учествуваа членовите на ПСК „Двете уши“, а достигнувањата се проследија со аплауз за заслужните планинарски достигнувања. Честитки!