Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија неделава слави 65 годишнина од своето формирање и роденден на својот патрон, македонскиот деец, филолог, славист, историчар, етнограф, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво, Крсте Петков Мисирков.
Овој јубилеј е гордост за оваа образовна установа, не само на кадрите кои се вградиле во неа преку својата образовна мисија после ослободувањето, туку и за новите генерации наставници, ученици.
По овој свечен повод учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ со пригодна Видео-покана ги покануваат сите граѓани од Гевгелија на заедничко славење со пригодна културно-уметничка програма во која учествуваат тие.
Четврток 18 мај во Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 19 часот.
Со знаењето растеме, со јубилеите се гордееме!