На 25.06.2026 во 01:25 часот на место викано „Нова Петла“ во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода Г.Д.(27) од с.Негорци, гевгелиско.
Причината за ваквата постапка на гевгелиската полиција е затоа што Г.Д. физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


















