ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против И.А. (42) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 04.04.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавената, при што пред нејзиниот дом таа фрлила марихуана и амфетамин.



















