Осумнаесет каратисти од Карете клубот „АРМОР“ од Гевгелија се закитија со вкупно 21 медали на одржаниот Меѓународен карате турнир „OHRID OPEN 2023“, што се одржа вчера во спортската сала ,,Билјанини Извори”.
Тројца од каратистите освен медал во поединечна категорија станаа носители на медал и во тимска и во друга категорија.
Достигнувањето е дотолку поголемо што трунирот има меѓународна тежина каде конкуренцијата брои над 500 учесници.
Со ЗЛАТЕН медал се закитија:
1. Јована Дичева – Прво место ката и 3то место кумите
2. Даниел Петров – Прво место – ката
3. Елена Василева – Прво место – ката
Носители на сербрени медали се:
1. Симона Атанасова – Второ место ката
2. Крсте Ѓоргиев -Второ место ката
3. Борис Трајков – Второ место ката
4. Леона Рујкова – Второ место ката
5. Билјана Мелкова – Второ место ката
Носители на бронзен медал се:
1. Симона Трајкова – Трето место ката
2. Андреј Мисков – Трето место кумите
3. Надица Близнакова – Трето место ката и Трето место кумите
4. Мите Делев – Трето место
5. Марија Цуклева – Трето место ката
6. ДАвид Аврамов – Трето место ката тим и Трето место ката
7. Тијана Гоцкова – Трето место ката
8. Коста Цуклевски – Трето место ката
9. Теодора Ристова – Трето место ката
10. Матијас Диновски – Трет место ката
Двојни носители на медали се:
1. Јована Дичева – Прво место ката и 3то место кумите
2. Надица Близнакова – Трето место ката и Трето место Кумите,
3. Давид Аврамов – Трето место ката тим и Трето место ката
Меѓународниот карате турнир ,,Охрид Опен 2023” се одржа вчера, 14 мај во организација на карате клубот ,,Чоле”, клубот за боречки спортови ,,Кун-су-то” и Карате федерација на Македонија.
Ова е очекуван успех од гевгелиските каратисти од „АРМОР“ знаејќи дека се редовни носители на медали од учеството на досегашните турнири, како што се освоените 6 медали на „Олимпик Опен 2023“ одржан во април и освоените 8 медали на „GRAND PRIX N.MACEDONIA“ во Скопје.
Нашите медалисти заслужуваат честитки и потстрек за нови спортски достигнувања. Напред во нови успеси!
Фото: Армор