На годинашниот 23-ти по ред Меѓународен детски фолклорен фестивал „За сечија радост“ што се одржа во Трстеник, Р. Србија успешен настап имаше и КУД „Негорци“ од Негорци, гевгелиско.
Меѓу 300-та учесници забележителен настап имаа членовите на КУД „Негорци“ претставени од организторот како носител на фолклорните звуци од источна Македонија.
Организатор на фестивалот е Културно уметничкото друштво „Традиција“ од Трстеник, под покровителство на општина Трстеник. Пред почетокот на концертот, преку 300 учесници продефилираа низ центарот на Трстеника, со транспаренти од градовите што ги претставуваат.
Продефилираа деца од Србија, Македонија и Република Српска, а овој фестивал имаше хуманитарен карактер, бидејќи средствата собрани од концертот беа наменети за лекување на девојчето Елена Ѓурѓевиќ од Пољна. Киносалата на Домот на културата во Трстеник беше исполнета до крај, а актерите на фолк сцената често беа наградувани со овации.
На крајот на фестивалот, сите учесници се фотографираа пред зградата на општинската управа на општина Трстеник, како спомен на овој хуманитарен ден и со надеж дека и на овој начин ќе помогнат во лекувањето на девојчето Елена. .