Обвинителството на Србија испрати барање до белградската полиција да ги собере потрените податоци и да ја сослушаат осомничената М.К. која му е мајка на Коста Кецмановиќ, кој изврши масакр во училиште на почетокот на мај.
Ако се докаже дека мајката ги занемарила своите родителски обврски, тогаш се соочува со затворска казна од три години, пишува српски „Блиц“.
– „Доколку се докаже дека мајката сторила кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице може да се казни со затвор до три години“, кажа адвокатот Радомир Мунижаба за „Блиц“.
Основната форма на постапувањето е грубо занемарување на должноста да се грижи и воспитува малолетно лице, а тоа пред се$ се однесува на овозможување услови за развој на малолетното лице како личност, рече адвокатот и додаде дека мајката нема кривично да одговара доколку успеала да спречи девијантно однесување, му овозможила на детето да оди на училиште и да ги прифаќа моралните вредности и општествените норми.
Исто така, на Градскиот центар за социјална работа му е наложено да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на момчето убиец и за ова да поднесе пријава до обвинителството, како и да утврди дали претходно наведеното семејство било во евиденција на таа институција.
Медиумот потсетува дека е уапсен и таткото на момчето, кој се товари за тешко кривично дело против општата безбедност, а максималната казна што може да ја добие е 12 години затвор.