четврток, 13, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Пензионерки од Миравци победнички на натпревар за најдобра баница под вршник

Екипа пензионерки од Миравци, членки на Здружението на пензионери од Гевгелија денеска на натпреварот за подготовка на баница под вршник ја понесоа ПРВАТА награда на натпревар кај манастирот Еленец

јуни 11, 2023
in ФОКУС
Пензионерки од Миравци победнички на натпревар за најдобра баница под вршник
0
SHARES
2.7k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Екипа пензионерки од Миравци, членки на Здружението на пензионери од Гевгелија денеска на натпреварот за подготовка на баница под вршник ја понесоа ПРВАТА награда на натпревар кај манастирот Еленец каде се натпреваруваа пензионери од цела Македонија.

Мукает е да ги исукаш корите, да ја подготвиш баницата, да го потпалиш огнот, да направиш жар и под жарта на вршник да ја испечеш вкусната баница. Ете такви вредни пензионерки, а со години вредни домаќинќи во кујна за семејните софри по дома, за лезет на душа има нашето село Миравци.

Related posts

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

август 12, 2026

Првото место и прогласувањето на најдобрата баница беше од страна на Марија Моневска, претседателка на Комисијата на жени пензионерки, која за најдобри ги прогласи баниците од Миравци. Второпласирана е баницата од Новаци и третопласирана баницата на пензионерките од Македонска Каменица.

Што да им кажеме освен честитки, или да прашаме кога ќе има таква манифестација во Миравци за да вкусат и гевгеличани од вкусните баници на миравчките пензионерки.

Инаку денеска стотина автобуси, комбиња и неколку илјади автомобили, претежно со пензионери од цела Македонија, пристигнаа во атарот на селото Цера и манастирот Еленец кој се наоѓа на десетина километри северозападно од Македонска Каменица. Овој манастир во 1880 бил возобновен на темелите на стариот црковен објект кој потекнува многу порано.

Манастирот се наоѓа во еден прекрасен планински крај на 1.000 метри надморска висина и пред неколку децении е прогласен за еден од најубавите и најживописните.

Повеќе од 20 волонтери од селото Цера и Македонска Каменица мошне организирано и успешно приготвуваа јадење за посетителите. На менито денеска беше јанија со јагнешко, манџа од еден тон, да пробаат сите посетители, вели главниот готвач Крум Георгиевски, кому му помагаат неговите колеги Душко Тодоровски и Геро Атанасов.

Главните готвачи за гостите на манифестацијата и посетителите на манастирот Еленец – Фото: СДК

Вкусно и вредно си поминале денеска сите посетители на Еленец. Средбата беше збогатена со културна програма, со настап на културно-уметнички друштва, а дружбата  продолжи со заедничко оро на зелените пољани пред манастирот Еленец.

Заеднилка веселба – Фото, СДК
ShareTweetShareSend
Previous Post

Новак Ѓоковиќ испиша историја

Next Post

ВИДЕО: Дојран Гурман фест 2023

Next Post
ВИДЕО: Дојран Гурман фест 2023

ВИДЕО: Дојран Гурман фест 2023

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Огромна ајкула забележана во Грција

ВИДЕО: Огромна ајкула забележана во Грција

3 години ago
ВИДЕО: Незаборавното шоу на Грејс Џонс во Скопје!

ВИДЕО: Незаборавното шоу на Грејс Џонс во Скопје!

2 години ago
Царина Богородица со заплена на стока од 2 милиони денари

Царина Богородица со заплена на стока од 2 милиони денари

4 години ago
Што ти сме криви ние?

Што ти сме криви ние?

4 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Смртно настрада дрвосечач на Кожуф
  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist