Денешниот ДЕН на Македонската полиција беше одбележана со низа свечености помеѓу припадниците на полицијата, но и срдечни посети од локални посетители со честитки и желби за мирна средина и одржлива јавна безбедност.
Честитки до полициските службеници за нивниот празничен ден со благодарност за нивната посветеност, храброст и грижа за нашата безбедност упатија и децата од Детската градинска „Детска радост“ од Гевгелија, воспитната група од 5-6 години под раководство на воспитувачката Маја Џишева.
- „Денешниот ден го одбележавме со многу возбуда и насмевки. Децата имаа можност одблизу да ги разгледаат полициските возила, да ги слушнат полициските сирени и да научат повеќе за важната улога на Македонската полиција. Незаборавно искуство исполнето со радост и љубопитност!“ – вели Џишева.


– „Полицијата е другар, чуваат мир и ред во секој наш крај, со насмевка топла, кога некој плаче или има страв тие само помагаат со мир и сигурност се грижат за нас!“ – порачуваат децата од ДГ „Детска радост“
Звукот на сирената на плициското возило не е знак за страв, туку дека помошта доаѓа.
Децата одговараа пред полициските службеници дека знаат што е должноста на полицијата како заштитници на системот и јавниот ред и мир.
A тие што ќе го прекршат законот се затвараат за да не прават лоши дела.
Срдечната средба заврши со посета на просториите на полициската станица во Гевгелија каде најмалите посетители беа почестени со сокче и грицки.

СРЕЌЕН ДЕН на ПРИПАДНИЦИТЕ на МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА!



















