Гевгелиската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ денеска во знак на чествувањето на своите патрони и Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј организираше богата црковна и световна културна програма.
Чествувањата започнаа претпладне со свечена Литија која се движеше низ центарот на Гевгелија, а на која се придружија членовите на КУД „Бојмија“ учесниците на културната програма и бројни верници и почитувачи на делото на сесловенските просветители.
По изведената Литија низ гевгелиското шеталиште, следуваше настап на фолклорните ансамбли.
Во дворот на црквата од бројните граѓани беше проследена културната програма која ја изведуваа членови на Ансамблoт „Бојмија“ кои изведоа влашки игри и песни, потоа на фолклорниот ансамбл „Македонија“ и хорот „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево.
Празнувањата завршија со заеднички празничен ручек.
Нека е за многу години!