На Државниот натпревар по хемија ученикот во IX-одделение АНДРЕЈ ДИМОВ од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија под менторство на наставникот по Хемија Љупчо Делев го освои ПРВОТО МЕСТО и ПРВА НАГРАДА од учениците во основното образование. Натпреварот се одржа овој месец, а резултатите пристигнаа вчера со носителот на Прво место – гевгеличанецот Андреј Димов.
Тој годинава е полуматурант и посветено покажува интерес за природните науки, но и на хуманоста.
Ученикот Андреј е волонтер во Клубот на млади при ООЦК Гевгелија и дел од ТИМ – 14 кој носи успеси кога се најмладите волонтери во прашање. Тој од страна на ОО на Црвен крст Гевгелија е прогласен за волонтер на месец јануари 2023 година. Својот волонтерски придонес многупати на дело го покажал преку учество во активности од различни области, а секогаш е тука достапен за поддршка на секоја идеја и настан.
Уште еден успех од ученици во ООУ „Крсте Мисирков“ – ученичката Нина Петкова од VII одделение на Државниот натпревар по Биологија кој се одржа на Природно математички факултет во Скопје на 20.05.2023 год. постигна одлични резултати и освои 3 награда под ментрство на наставничката Тодорка Николова.
Овие резултати доаѓаат во година кога училиштето одбележува 65 години образовна дејност, што е показател дека дејноста се изведува посветено, а резултатите доаѓаат со ред од новите умни генерации ученици на ООУ„Крсте Мисирков“.
Честитки до учениците и нивните ментори!