вторник, 20, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Поголема плата за 78% стаса и за градоначалникот на Гевгелија

Со Одлука на Советот на општина Гевгелија за измени и дополнувања на одлуката за извршување на Буџетот за 2023 година, денеска се отвори можноста за исплата на поголема плата за 78% од досегашната, на градоначалникот на општина Гевгелија

мај 30, 2023
in ФОКУС
Поголема плата за 78% стаса и за градоначалникот на Гевгелија
0
SHARES
1.1k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Со Одлука на Советот на општина Гевгелија за измени и дополнувања на одлуката за извршување на Буџетот за 2023 година, денеска се отвори можноста за исплата на поголема плата за 78% од досегашната, на градоначалникот на општина Гевгелија.

Општинската администрација објасни дека „Ваквата одлука е во констелација со Одлуката на Уставен суд на РСМ кој го укина член 4 од Законот за плати на именувани и избрани функционери во државата“. Со тоа на сила остана основица за плата на функционерите да биде просечна бруто плата исплатена во државата во минатата година.

Related posts

Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

мај 19, 2025
Средношколецот Стефан Младеновски од Гевгелија Економски Олимпиец

Средношколецот Стефан Младеновски од Гевгелија Економски Олимпиец

мај 19, 2025

Така од сегашната основица која изнесува 26.755, денари за градоначалникот ќе се пресметува бруто плата со нова основица од 47.637 денари, или 138.147 денари бруто плата месечно. Нето платата ќе изнесува околу 92.500 денари. Додатоците на плата со стаж и друго се додаваат плус на оваа сума. Оваа плата градоначалникот треба да ја добие ретроградно од месецот на стапување на сила на оваа одлука, 23 март оваа година, така изгласа денеска Советот на општина Гевгелија

Советникот од Левица во дискусијата по оваа точка која беше прва на денеска одржаната 27-ма седница на Советот кажа дека „оваа одлука на Уставен суд е расипништво и сите советници имаат должност да гласаат против оваа одлука“.

Советниччката Софија Раманчева од СДСМ праша:
– „Дали за обезбедување на околу 750.000 денари повеќе за исплата на зголемувањето на платата на градоначалникот се планирана Ребаланс на буџетот на општината за 2023 годиа и од каде би бие обезбедени овие додатни средства? Што од сегашниот Буџет на општина Гевгелија ќе биде скратено како плански расход за потребите на граѓаните на општина Гевгелија, а ќе се пренамени од граѓаните, за зголемената плата на градоначалникот?“

Советникот од ВМРО-НП Виктор Кралев праша:
– „Зошто и на советниците не им се покачува надоместокот за 78%? И ние сме избрани функционери!?“

Советникот од независната граѓанска листа Томе Ќичуков го праша градоначалникот Сарамандов: „Дали има намера да се откаже од тие средства по примерот на други градоначалници од неговата партија кои изјавија дека износот од покачувањето на платата ќе го донираат?“
Тој го побара присуството на пратеничките од Гевгелија кои добија ист процент покачување на своите плати. „На секоја седница се поканети, а на ниту една немаат присуствувано“, – констатира Ќичуков.

Сашо Стојиловски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека „Оваа Одлука е осудена од јавноста. Ние како Совет не можеме да ја смениме одлуката на Уставен суд, ниту Законот за плати. Власта треба да направи корекција и да ги врати платите на исто ниво“.

Тодор Ристов од СДСМ во својата дискусија истакна дека во државата оваа одлука опфаќа 1.056 именувани и избрани функционери. Тоа не се лица само од СДСМ. Има од повеќе партии. Овде се вклучени и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои ги има по општините во државата.

Ребаланс нема да има потреба да се донасува за исплата на зголемената плата ако продолжи сегашното темпо на наплата на општинските основни комунални и даночни приходи, одговори Градоначалникот Сарамандов, со што ги потона очекувањата на независниот граѓански советник кој бараше да се изјасни дали има намера средствата да ги донира.

Советот на општина Гевгелија ја донесе Одлуката за зголемување на платата на градоначалникот за 78% повисока од сегашната со 10 гласови „ЗА“, 2 „Против“ и 1 „Воздржан“ глас.
Останаа 6 советници без да се изјаснат од присутните 19 колку што беа констатирани на почетокот на 27-та седница на Совет на општина Гевгелија.

Како беше онаа народната: „Сложни браќа ……… “

ShareTweetShareSend
Previous Post

Пожар на бензинска во Гевгелија – ТППЕ Гевгелија интервенирала веднаш

Next Post

Патување само со Лични карти меѓу земјите од Западен Балкан

Next Post
Патување само со Лични карти меѓу земјите од Западен Балкан

Патување само со Лични карти меѓу земјите од Западен Балкан

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Изгаснат пожарот во близина на с.Ѓопчели

Изгаснат пожарот во близина на с.Ѓопчели

2 години ago
Почина рок принцезата од Југославија Слаѓана Милошевиќ

Почина рок принцезата од Југославија Слаѓана Милошевиќ

1 година ago
Меѓународен кошаркарски турнир  „Бобан Петковски“ во Гевгелија

Меѓународен кошаркарски турнир „Бобан Петковски“ во Гевгелија

2 години ago
Се асфалтира дел од патот Гевгелија-Богданци и заобиколницата кај Богданци

Се асфалтира дел од патот Гевгелија-Богданци и заобиколницата кај Богданци

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци
  • Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција
  • Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

мај 19, 2025
Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција

Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција

мај 19, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist