Три победи од три одиграни натпревари на меѓународниот турнир во Бојмица (Aksiupoli) Грција ја однесоа екипата на „Кожуф“ од Гевгелија до победничкиот пехар на турнирот.
Заслужни за тоа се детскиот фудбалски тим на гевгелиски „Кожув“ од генерацијата 2013. Тие неделава (4.06.2023 г.) под водство на својот тренер Никола Караколев самоуверено и доминантно ги „згазија“ своите противници на патот до пехарот.
Гевгелиските 10 годишни фудбалски надежи на турнирот реализираа 17 голови, а примија само еден. Пред фудбалските офанзиви на децата од „Кужуф“ „паднаа“ екипите на Гуменица, Поликастро и Килкис со следните резултати:
Кожуф – Гуменица 6 : 0
Кожуф Поликастро 9 : 0
Кожуф – Килкис 2 : 1
Радоста на победниците е голема, а радоста ја споделуваме и со Вас читателите, за да знаете како напредуваат новите генерации на фудбалска Гевгелија.
Први веста ја објавија со гордост жителите на с.Прдејци каде овие дечиња тренираат секоја недела на тамошниот фудбалски терен. За нив причинува гордост што меѓу тимот победници од генерација 2013 е и нивниот сожител, младиот Андреј Стевановиќ, како што се гордеат на сите дечиња, наши деца, за постигнатиот успех.
Честитки за тимот победнички и за нивниот горд тренер!
Вака изгледа радоста на нашите фудбалери.
Табела на учесници и натпревари на Меѓународниот фудбалски турнир за деца во Бојмица Р.Грција 2013