петок, 5, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Пензионерки од Миравци победнички на натпревар за најдобра баница под вршник

Екипа пензионерки од Миравци, членки на Здружението на пензионери од Гевгелија денеска на натпреварот за подготовка на баница под вршник ја понесоа ПРВАТА награда на натпревар кај манастирот Еленец

јуни 11, 2023
in ФОКУС
Пензионерки од Миравци победнички на натпревар за најдобра баница под вршник
0
SHARES
2.6k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Екипа пензионерки од Миравци, членки на Здружението на пензионери од Гевгелија денеска на натпреварот за подготовка на баница под вршник ја понесоа ПРВАТА награда на натпревар кај манастирот Еленец каде се натпреваруваа пензионери од цела Македонија.

Мукает е да ги исукаш корите, да ја подготвиш баницата, да го потпалиш огнот, да направиш жар и под жарта на вршник да ја испечеш вкусната баница. Ете такви вредни пензионерки, а со години вредни домаќинќи во кујна за семејните софри по дома, за лезет на душа има нашето село Миравци.

Related posts

Хероите на Дојран, Бранко и Самир го исчистија каналот од системот за полнење на Дојранското езеро

Хероите на Дојран, Бранко и Самир го исчистија каналот од системот за полнење на Дојранското езеро

септември 2, 2025
120 години од погибјето на ЛЕОНИД  ЈАНКОВ – ВОЈВОДА од Гевгелија (1878-1905)

120 години од погибјето на ЛЕОНИД ЈАНКОВ – ВОЈВОДА од Гевгелија (1878-1905)

септември 2, 2025

Првото место и прогласувањето на најдобрата баница беше од страна на Марија Моневска, претседателка на Комисијата на жени пензионерки, која за најдобри ги прогласи баниците од Миравци. Второпласирана е баницата од Новаци и третопласирана баницата на пензионерките од Македонска Каменица.

Што да им кажеме освен честитки, или да прашаме кога ќе има таква манифестација во Миравци за да вкусат и гевгеличани од вкусните баници на миравчките пензионерки.

Инаку денеска стотина автобуси, комбиња и неколку илјади автомобили, претежно со пензионери од цела Македонија, пристигнаа во атарот на селото Цера и манастирот Еленец кој се наоѓа на десетина километри северозападно од Македонска Каменица. Овој манастир во 1880 бил возобновен на темелите на стариот црковен објект кој потекнува многу порано.

Манастирот се наоѓа во еден прекрасен планински крај на 1.000 метри надморска висина и пред неколку децении е прогласен за еден од најубавите и најживописните.

Повеќе од 20 волонтери од селото Цера и Македонска Каменица мошне организирано и успешно приготвуваа јадење за посетителите. На менито денеска беше јанија со јагнешко, манџа од еден тон, да пробаат сите посетители, вели главниот готвач Крум Георгиевски, кому му помагаат неговите колеги Душко Тодоровски и Геро Атанасов.

Главните готвачи за гостите на манифестацијата и посетителите на манастирот Еленец – Фото: СДК

Вкусно и вредно си поминале денеска сите посетители на Еленец. Средбата беше збогатена со културна програма, со настап на културно-уметнички друштва, а дружбата  продолжи со заедничко оро на зелените пољани пред манастирот Еленец.

Заеднилка веселба – Фото, СДК
ShareTweetShareSend
Previous Post

Новак Ѓоковиќ испиша историја

Next Post

ВИДЕО: Дојран Гурман фест 2023

Next Post
ВИДЕО: Дојран Гурман фест 2023

ВИДЕО: Дојран Гурман фест 2023

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Присилна наплата на комуналната такса од Општина Гевгелија во следната 2023 година

Присилна наплата на комуналната такса од Општина Гевгелија во следната 2023 година

3 години ago
Антикорупциска казни со по 300 евра актуелни и поранешни министри, пратеници и директори

Антикорупциска казни со по 300 евра актуелни и поранешни министри, пратеници и директори

6 месеци ago
ВИДЕО: Српските студенти тргнаа со велосипеди кон Стразбур

ВИДЕО: Српските студенти тргнаа со велосипеди кон Стразбур

5 месеци ago
Бронзен медал за Билјана Димова од „Мобилност“ Гевгелија

Бронзен медал за Билјана Димова од „Мобилност“ Гевгелија

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Четири Пехари освоија Никола и Тамара на „Загреб Опен 2025“
  • НИКОЛА ПЕЕВ и ТАМАРА ГОШЕВА – репрезентативци на Македонија на Европски пара-атлетски натпревар 2025
  • Новак Ѓоковиќ испиша историја: највозрасен тенисер со полуфиналиња на сите гренд слемови во една година

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Четири Пехари освоија Никола и Тамара на „Загреб Опен 2025“

Четири Пехари освоија Никола и Тамара на „Загреб Опен 2025“

септември 5, 2025
НИКОЛА ПЕЕВ и ТАМАРА ГОШЕВА – репрезентативци на Македонија на Европски пара-атлетски натпревар 2025

НИКОЛА ПЕЕВ и ТАМАРА ГОШЕВА – репрезентативци на Македонија на Европски пара-атлетски натпревар 2025

септември 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist