Малите фудбалери од ФК „Џокер“ од Фурка како единствени претставници на Македонија на меѓународниот фудбалски куп за деца „Миленим Куп“ што се одржа во Белград Србија, синоќа се вратија со освоени ЧЕТИРИ трофеи.
Прво место и ЗЛАТЕН пехар освои генерацијата фудбалери на „Џокер“ родени 2014 година.
Значи, македонски клуб од Фурка, општина Дојран составен од 9-годишњаџи стана Балкански првак во фудбал за деца.
Втората екипа на ФК „Џокер“ која учествуваше на истиот турнир беше составена од деца родени 2012 година и тие го освоија ВТОРОТО место во својата конкуренција. Финалниот меч тие во регуларното време го завршија нерешено 1 : 1, но поради помалата гол разлика „џокерите“ не успеаја да го освојат првото место. Освоија Сребрен пехар.
Турнирот „Милениум Куп“ има 19 годишна традиција, со присуство на многу фудбалски школи од Србија, а ФК „Џокер“ овде настапи за прв пат и ПОБЕДИ !
Освен Првото и освоеното Второ место ФК „Џокер“ имаше и поединци кои освоија пехари за „најдобар стрелец“ и „најдобар фудбалер“ на турнирот.
Инаку „Џокер“ учествуваше викендов на два меѓународни турнира во Србија. Првиот „Dragan Mance Cup“ беше интензивен со одиграни 308 натпревари на 14 терени за само еден ден, а „џокерите“ со двете екипи одиграа по шест натпревари за два дена и потоа заминаа на „Милениум Куп“.
Три дена фудбалска игра и жетва на трофеи – тоа го направија малите фудбалери од Македонија.
Инаку новите фудбалски прваци на Балканот од ФК „Џокер“ се всушност и ВИЦЕШАМПИОНИ на Македонија во Трета фудбалска лига на ФФМ.
Честитки за освоените трофеи на малите фудбалери и на нивните тренери Кристијан Ристов и Стефан Терзиев.