Замина Кико. Момчето од Долни Балван, Штипско, кое боледуваше од тешка ретка болест, а за кого хуманите граѓани за триипол дена ги собраа потребните средства за лекување.
Требаше да замине во Турција на третман со матични клетки. Но, неговото срце не издржа.
Кико имаше дијагноза „Атаксија-телеангиектазија“, тешка болест која разорно делува на организмот. Тој беше единствен со таква болест во Македонија.
Овој 20 годишник ја обедини хумана Македонија и ја испрати последната насмевка пред да престане да дише. Беше на апарати за дишење изминатите три дена. Но, срцето на Кико го запре животниот ритам.
Светол ти пат момче.
Биди во светлината каде нема болки, солзи, тагувања!