На вчерашната наградна крводарителска акција што се одржа во Гевгелија 33 крводарители кои дадоа доброволно крв за потребите на здравствените медицински интервенции, за спас на нечиј живот.
Акцијата беше прва во месец август, прва ноќна акција, но и прва наградна бидејќи предвидуваше да се додели велосипед како награда за најсреќниот дарител, кого ќе го одбере наградното извлекување.
Меѓу 33-те хумани крводарители најсреќен беше Горан Стамков, него го послужи среќата, после хуманиот гест да си замине дома со новиот велосипед.
Акцијата ја организираше Општинската организација на Црвен Крст Гевгелија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на Македонија.

– „Со музика, дружење и топла атмосфера од волонтерите од Клубот на млади, покажавме дека хуманоста може да биде и радост, и забава. Благодариме од срце на сите дарители, волонтери и пријатели што ја направија оваа ноќ посебна. Се гледаме повторно, со уште повеќе љубов, светлина и живот“ – порачаа од Црвен крст Гевгелија.






















