Наташа, Ана, Дона и Добрилка се гевгелиските ВИЦЕШАМПИОНКИ на женската трка на 5 километри екипно, претставнички на АК „7 Ноември“ Гевгелија
На подиумот за освоено ВТОРО место екипно на трката од 5 километри заслужено се искачија најдобрите женски атлетски сили од Гевгелија Наташа, Ана, Дона и Добрилка. Заедно ја истрчаа трасата за време од 22 минути до 25:23 минути и го завзедоа второто место екипно на трката што се одржа денеска во Гевгелија на 5-от јубилеен спортски настан „November run 2025“.
Тие остварија тимско време на трасата за 01:31:35. Поединечно ги завзедоа 7-то, 12-то, 17 и 22-ро место од долгата листа на женски учесници составена од 283 атлетичарки од земјата и меѓународни клубски претставнички од 14 светски земји на трката од 5 км на „November run“, а поединечно ги остварија овие резултати:
7-мо место – Наташа Демерџиева (1979) – MKD- време 00:20:08;
12-то место- Ана Бегова – родена 2014 – MKD – време 00:22:00
17-то место – Дона Гетева – родена 1990 – MKD- време 00:24:04 и
22-ро место – Добрилка Семенакова – родена 2014 – MKD – време 00:25:23.
Вака изгледаше свеченото прогласување на гевгелиските ВИЦЕШМПИОНКИ од АК „7 Ноември“:
Првото место екипно за жени го завзде АК „Атомик“, а второто „BFit“.
Честитки за најдобрите атлетичарки!
Посебно честитки за гевгелиските ВИЦЕШАМПИОНКИ екипно, членки на АК „7 Ноември“!


















