Тројца атлетичари од Кенија, по еден од Србија, Мароко и Бугарија ги освоија подиумите од прво до трето место на трката на 10 километри од големиот спортски настан „November Run“ 2025 Гевгелија.
Кај жените најбрза беше 28 годишната Valentine Jebet од Кенија со време од 00:32:50, а листата на тие кои се искачија на подиумот изгледа вака:
1. Valentine Jebet – родена 1997 – KEN – време 00:32:50
2. Chelangat Sang- родена – 1989 – KEN – време 00:34:52
3. Marinela Nineva- родена 1993 – BUL- екипа „Lokomotiv“ од Dryanovo – време 00:35:42

Во оваа меѓународна конкуренција од 150 женски натпреварувачки солидно место завзедоа и атлетичарките од Гевгелија, членки на АК „7 Ноември“. Најдобра позиција 10-то место на листата завзеде Марија Пеликон, 44 годишна атлетичарка која газеше рамноправно со светската атлетска елита која трчаше низ улиците на Гевгелија. На листата кои финишираа со резултат се испишаа следните гевгелиски атлетичарки:
10-то место – Марија Пеликон – (1981) – MKD – 00:45:08
30-то место – Руса Анѓелковиќ – (1986) – MKD – 00:51:58
37-мо место – Александра Каракерезова – (1980) – 00:53:06
70-то место – Надица Панова – (1999) – MKD – 00:58:53
75-то место – Македонка Стојанова – 1992 – MKD – време 00:59:27

Кај Машките учесници на победничкиот подиум се искачи 26 годишниот Elzan BIBIĆ од Србија кој на целта пристигна со време под 30 минути, постигнувајќи национален рекорд со време од 00:28:45 минути.
Листата на атлетичарите кои се искачија на подиумите на трката од 10 км за мажи изгеда вака:
1. Elzan BIBIĆ – (1999) – SRB – 00:28:45
2. Mohamed EL GHAZOUANY – 1995 – MAR – 00:29:15
3. Hillary Kiptum Maiyo Kimaiyo – 1994 – KEN – 00:29:19

На оваа трка имаше и претставници на АК „7 Ноември“ кои се пласираа во првите 70 натпреварувачи од вкупно 383 машки атлетичари кои истрачаа на стазата од 10 км на трката „November Run 2025“:
47-мо место – Стеван Ѓошев – 1986 – MKD – 00:41:09
48-мо место – Петар Петров – 1986 – MKD – 00:41:35
75-то место – Влатко Панов – 1987 – MKD – 00:44:56
77-м место – Борче Узунов -1994 – MKD – 00:45:22
Се’ на се’ извонреден спортски настан во Гевгелија во кои доминираа светските атлетичари, а Македонските атлетичари несебично им парираа, па дури и локалните атлетичари од АК „7 Ноември“.
Честитки за победниците, освојувачите на подиум, на организаторите и на гевгелиските неуморни освојувачи на нов јубилеен медал од „November Run 2025“.



















