Со нов личен рекорд и скок од 5:79 метри Антонио Каракабаков од Македонија оствари летечка позиција во ТОП 5 пионери од Европа во дисциплината „Скок во далечина“🏆
Ова е големо достигнување за АНТОНИО на финалето од „EUROPEAN KIDS ATHLETICS GAMES 2026“ кое се одржа денеска во Брно, Чешка. Тој се надмина себе си со скок подолг за 30 сантиметри од својот личен рекорд остварен на Националното првенство во атлетика за пионери на Македонија.

Првиот натпреварувачки ден се пласира во финале со скок од 5:33 метри, а за два дена, во финалето, го подобри својот резултат за 46 сантиметри повеќе.
– „Го имаме петтиот помеѓу најдобрите пионери од Европа!- со ваква радост го објавија резултатот од неговиот атлетски клуб „Аеродром“ од Скопје.

Антонио е млад 14 годишен атлетичар од Стојаково, општина Богданци и со своите резултати изминативе две години во државата и на Балкански натпревари го заслужи епитетот „Атлетска стрела од Југот“ и „Атлетска иднина на Македонија“.
Освојувач е на Прво место на Државното прветство во атлетика за пионери на Македонија за 2026 година во дисциплината „скок во далечина“ и Вицешампион од Балканското првенство во атлетика за пионери 2026 година, денес се позиционира во ТОП 5 атлетичари-пионери во Европа во истата дисциплина.

„EUROPEAN KIDS ATHLETICS GAMES 2026“ се одржуваат во Брно, Република Чешка од 27 до 30 август 2026, а на истите учествуваат 4.300 пионери од цела Европа.
Првата радост за Македонија со скок на 5-то место во Европа ја донесе Антонио!
Браво за достигнувањата на Атлетската стрела од Југот, нашиот Антонио!




















