Утре, сите патишта водат кон Гевгелија каде ќе се одигра „СУПЕРКУП НА МАКЕДОНИЈА 2026“ во кој силите ќе ги одмерат актуелниот шампион РК „ВАРДАР 1961“ – ГРК „ОХРИД“.
Ова е најава за ракометните љубители – Утре Гевгелија ќе биде центарот на македонскиот ракомет! Сите спортски вљубеници се добредојдени!
Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија, на 2 септември 2026 година (среда), натпреварот започнува во 19:00 часот, а љубителите на ракометот ќе имаат можност да проследат вистински спортски спектакл и директна пресметка за првиот трофеј во новата ракометна сезона.
„Вардар 1961“ во новата сезона влегува како шампион на Македонија, додека ГРК Охрид, по одличните настапи и пласманот во финалето на Купот на Македонија, ќе има можност да се бори за престижниот трофеј во Суперкупот.
Ова ќе биде дуел на две амбициозни екипи и одлична можност за гевгеличани и за сите љубители на ракометот од регионот да бидат дел од голем спортски настан.

🎟️ Билетите се по цена од 300 денари, а за оние кои сакаат натпреварот да го проследат во живо, ова е одлична можност да уживаат во врвен македонски ракомет.
Гевгелија повторно ги отвора вратите за голем ракомет и уште еднаш ја потврдува својата улога како град кој знае да биде добар домаќин на значајни спортски настани.
Суперкуп на Македонија во ракомет се одржува годишно. Тоа е трета најважна национална титула во македонскиот ракомет после титулата во Суперлигата и Купот на Македонија. Во него учествуваат освојувачот на Супер лигата и освојувачот на купот. Моментален првак е Вардар 1961 кој е и најтрофеен клуб во натпреварувањето со освоени четири титули.

Да резимираме:
🏆 СУПЕРКУП НА МАКЕДОНИЈА 2026
🤾 РК „ВАРДАР 1961“ – ГРК ОХРИД
📅 Среда, 2 септември 2026
🕖 19:00 часот
📍 Спортска сала „26-ти Април“, Гевгелија
🎟️ Билет: 300 денари
Продажни места:
– МК Тикетс
– Тобако „Лени“ Гевгелија
Да ја исполниме салата и заедно да уживаме во ракометниот спектакл!
Бидете дел од овој настан со бодрење на Вашиот фаворит од трибините на спортската сала во Гевгелија.




















