Топлото време ја намалува нашата концентрација, па воочуваме како на работа ја губиме сосредоточеноста во работните задачи, ефективноста и продуктивноста се поопаднати. Таквата состојба влијае и кај возачите особено при топлото време. Еден средновечен маж во Гевгелија се здобил со тешки телесни повреди во најтоплиот период од денот во сообраќајка во којa тој бил единствен учесник.
На 31.08.2026 во 15:40 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на крстосница од ул.„Деко Ковачев“ со ул.„Миле Пецанов“ во Гевгелија, 47-годишниот М.П. од с.Богородица, гевгелиско, управувајќи мопед „Томос“ изгубил контрола и излетал од коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Гевгелија.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија, при што било констатирано дека го управувал мопедот без да поседува возачка дозвола.


















