Интензивни врнежи од дожд со пороен нанос и електрични празнења се излеаја попладнево во Кавадаречкиот регион, Неготино, Струмица. Гевгелија куртули од најавените облаци со поројни дождови.
Состојбата во Струмица е со поплавени улици, паднати дрвја, полплавена градска гаража, поради наврнети 45 литри дожд на 1 м2 за неполн час.
Вака изгледаа улиците во Срумица после интензивниот дожд:
Бранот на атмосферска нестабилност што го зафати кавадаречкиот регион попладнево се прошири и кон соседно Неготино, носејќи интензивни врнежи и засилен ветер. Вака изгледаше во Кавадарци вечерва, со силен дожд и ветер кој беснееше:
За состојбата на теренот во овој дел од земјата информираше метеорологот Славчо Попоски.
-„Среда 2 септември: Силно невреме и во Неготино проследено со обилен пороен дожд, силен ветер и силни електрични празнења“, објави Попоски.
Вака изгледаше вечерва во Неготино, кафичите празни, улиците празни, беснеат ветрот и дождот:
Силно невреме проследено со интензивен град денеска го зафати и беровскиот регион, а особено погодено било селото Двориште, каде што ледените врнежи за кратко време ја побелиле околината.
Видео од состојбата во беровско објави метеорологот Славчо поповски:
– „Силен град кој буквално побеле сè како да е снег среде зима“, објави Попоски.
Промената на времето донесе ненадејни поројни врнежи и зачестени громогласни празнења, поради што се апелира на претпазливост при движење на отворено.




















