Во предвечерието на празникот Успение на Пресвета Богородица во с.Негрци, гевгелиско се одржа забавна вечер „Ноќ под ѕвездите“ во организација на Здружението на граѓани „Одбор за Негорци“.
На сцената настапи докторката-музичарка Марија Ичкова со групата „Криза“ и децата од Школата за тапани и Часовите по гитара при Пионерскиот дом од Гевгелија.
Изненадување за сите беше што докторката која дење ги лекува граѓаните Марија Ичкова, ноќта блесна на сцената со микрофонот и своите изведби на светски и YU хитови.
Погледнете самите и уверете се:
Со групата „Криза“, Ичкова застана пред публиката и направи вистинска музичка атмосфера, покажувајќи зошто пеењето отсекогаш било важен дел од нејзиниот живот.
Марија е млада докторка која успешно ги спојува медицината и музиката. Во интервју за „Медиум“ во февруари 2025 година таа открива дека медицината е нејзината примарна професија, но и дека „пеењето секогаш ќе биде дел од неа“.
А нејзината музичка приказна започна многу порано. Ичкова како 15 годишна млада вокалистка го покажала својот талент и настапувала на големи музички сцени, меѓу кои и „X Factor“, во 2014 година.
Дека Марија не е случајно во музиката и на настап во Негорци зборуваат нејзините учества на фестивали и освоени награди низ Македонија, а пред три години пееше и со YU ѕвездара Дадо Топиќ со песната „Принцеза“ на место од починатата Слаѓана Милошевиќ, на музичка вечер „YU FOR YOU“ во Струмица.
👩⚕️ Докторка преку ден, 🎤 Вокалистка кога ќе застане на сцена.
🔥 А синоќа во Негорци – Марија Ичкова ja исполни со овации претпразничната сцена и ноќта пред Успението! Браво Марија – докторка во јавното здравство, народна докторка, пее за народот



















