Тркачката еуфорија низ улиците на Гевгелија денеска донесе натпреварувачи од 14 светски земји, како и од домашните атлетски клубови.
На трката од 5 километри доминираа странските атлетичари од Косово, Кенија, Босна и Херцеговина, Бугарија и еден освоен подиум од Македонија.
Во женската трка на 5 километри победник е Gresa Bakraqi, 30 годишна атлетичарка од Косово, која постигна најдобар резултат 16:56 минути.
На подиумите за медал и награда се искачија:
1. Gresa Bakraqi (1995) – KOS – резултат 00:16:56
2. Rose Jepchumba (1991) – KEN – Bendek – време 00:17:06
3. Ирма Хајдари- (2004) – MKD – време 00:18:19

Од женските атлетичарки од Гевгелија најдобро време на оваа трка остварија Наташа Демерџиева (родена 1979) со време од 00:20:08 иосвоено 7-мо место и Ана Бегова (10 годишна) со време од 00:22:00 која го освои 12-то место.

Кај машките тркачи странската доминација е комплетна, сите подиуми се освоени од страснки атлетичари кои учествуваа на трките „November Run“ во Гевгелија, на стазата од 5 километри.
Најбрз со време од 15 минути имаше 33 годишниот Benard Kiprotich Too од Кенија.
Подиумите од прво до трето место ги завзедоа атлетичарите:
1. Benard Kiprotich Too – (1992) – KEN – 00:15:00
2. Uros Gutic – (1997) – BIH – клуб „AK BOREC“ – време 00:15:17
3. Atanas Kutsarov- (1995) – BUL – клуб SKLA “Mihail Zhelev” – Sliven – време 00:15:19

Кај домашните атлетичари од АК „7 Ноември“ најдобро време оствари Влатко Семенаков со истрчана траса за 17:19 минути и го завзеде 11-то место од 644 атлетичари кои настапија на оваа трка.
Даниел Анчев од Гевгелија го завзеде 18-то место, а Атанас Епов 19-то место на конечната листа на трката од 5 км. Сите тројца се членови на АК „7 Ноември“ Гевгелија.

Честитки за победниците и за најдобрите гевгелиски атлетичари!




















