Младиот атлетичар од Гевгелија, Ристо Чалков, денеска трчаше на трка „Berlijn Savanna Race 2023“ во Јужна Америка и освои 5-то место.
Тој трасата од 10 километри, земјена патека, ја истрча за време од 43 минути и 13 секунди (или во просек 4,3 минути по километар што е помалку од неговиот просек).
Најдоброто време на Чалков е 3,35 минути за километар и ако го држеше тоа темпо ќе можеше да стаса прв на целта, но очигледно тамошните услови на тркачката стаза биле нови и нестандардни за нашиот гевгелиски тркач
Ристо Чалков е член на АК „7-ми Ноември“ од Гевгелија, и тоа гордо го истакнува на своите атлетски настапи, како денеска кога го рашири клубското знаме на Гевгелискиот атлетски клуб „7-ми Ноември“.
Прв на трката пристигна Janiek Pomba со време од 37:54.
Инаку, нашиот гевгелски такмичар во Јужна Америка ги одмери силите со околу 100-на атлетичари кои истрчаа на стазата, и го освои задоволителното 5то место во меѓународна конкуренција.
- „Ова беше една, ако не и најтешка трка во која сум учествувал.
Патеката, конкуренцијата, се беше на доста високо ниво“ – изјавува Чалков после трката.
Кога не победува, Чалков пак блеска на стазата со резервирани позиции од 2ро до 5-то место. Беше 5ти на трката на 5 км „Охрид трчат“ што се одржа на 4 јуни, потоа ВТОР на трката „ROTARY RUN“ во Кочани, овој мај, потоа 4-то место на „Трка на поезијата – Poetry Run 2023“ што се одржа на 22 мај во Струга, освоено 4-то место на трката „Axios Running Festival “ одржана на 14 мај во Грција. Во Скопје на трката „HalkEco Skopje Run 10K 2023“ истрча со време 37:58 на траса од 10 километри. Да трчаше вака и на „Berlijn Savanna Race 2023“ ќе беше втор и носител на сребрен медал.
Но, еве Ристо докажува дека гевгелиските спортисти можат да се носат и со светската атлетска конкуренција.
Честитки и лесни нозе за следната трка!