сабота, 30, септември 2023
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home OД НАШ АГОЛ

Слава и почит за транзициониот ХЕРОЈ од Гевгелија!

Посветено на ИЛИЈА ГЛИГОРОВ (1958-2023)

јули 7, 2023
in OД НАШ АГОЛ
Слава и почит за транзициониот ХЕРОЈ од Гевгелија!
0
SHARES
5.2k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Посветено на ИЛИЈА ГЛИГОРОВ (1958-2023)

Беше момче од село. Успешен ученик, успешен студент. Дипломираше на Економскиот факултет во Скопје, насока „Економска анализа со статистички модели“. Се пријави во Заводот за вработување да бара работа спрема својата професија. Тогаш, во времето на социјализмот, новите високообразовани лица воопшто не чекаа долго за работа, веднаш беа распоредувани во колективите и работните организации кои беа во општествена сопственост.

Related posts

Македонецот Миле – добротворот од Халкидики

Македонецот Миле – добротворот од Халкидики

август 10, 2023
Поштарот од нашето маало

Поштарот од нашето маало

јули 23, 2023

Илија доби распоред во Градежното претпријатие „Пелагонија“ подружница Гевгелија. Овде како дипломиран економист работеше во секторот статистика и анализа, соодветно на неговата професионална острученост. Со секојдневната евиденција на сработеното, потрошеното се изведуваа резултати за напредокот на претпријатието.

Дојде времето на транзицијата, трансформацијата на општествениот капитал во приватен. За разлика од големите комбинати кои имаа тешка, а некои и погубна трансформација, ГП „Пелагонија“ доби нов газда. Секторот статистички анализи не беше од приоритетите за приватниот сопственик. Илија од дипломиран раководител на секторот „статистика“ стана рецепционер на хотел „Пелагонија“. По некое време се покажа потреба од чувар на плацот на сепарацијата кај Вардар, па ни 5 ни 6, Илија се најде распореден на тоа место. Самец, без семејство, зависен од платата ја трпеше неправдата, да работи на место кое е испод неговите квалификации.

Така ја дочека пензијата. Едвам 9.000 зошто некој штедел и на неговата плата, па му исплаќал придонеси за половина работно време. Заедно со пензијата пристигна и вториот срцев удар. Вчера. Илија не го издржа. Почина. Почина транзициониот херој кој целиот свој работоспособен дел од животот го посвети на работата – образуван да придинесува за општеството, а принуден да придонесува за приватен интерес во новото пазарно општество.

Денес е погребот на Илија во неговото родно Милетково, каде замина да живее во последните години од животот. Поевтино му беше на село со бавча, градинарски производи и скромниот живот. Белким ќе се насели во Рајската градина па да се сити до милина. Таму нека се здружи со милите и сродни души кои никому не мислат зло, кои денот го поминуваат со песна како Илија.

Вечен спомен за тебе транзиционен ХЕРОЈУ !
Ти не си носител на Општинска награда, на Партизанска споменица, на Орден на трудот, но овде ти искажуваме наклон за сета твоја истрајност, работна одговорност и животен стоицизам. Колку само други души како тебе ќе придонесеме да бидат споменати, што имале слична судбина како тебе, што заминале пред да успеат да поуживаат со пензијата како заслужни пензионери на својот минат труд.

Во спомен на сите транзициони херои кои заминаа предвреме како Илија, човекот со големо срце и за луѓето со срце планина, кои другите ете успееја да го изморат, потрошат, замрат од неправди неискажани, неиздржливи.

Еве ние кажавме !

Илија Глигоров – пред Спомен костурницата на паднатите борци од Гевгелија и гевгелиско, оддава почит на Денот на општината 7 Ноември 2019

Вечен спомен Илија – за нашинецот кој беше пред се’ верен другар, посветен пријател, љубител на YU естрадата, ги знаеше сите пејачи, нивните албуми и сите песни од албумот. Мирен, ненаметлив, со свое мислење кое не се воздржуваше да го каже, да дебатира, да покани другар на бурек, на сокче, на муабет.

Светол ти пат Илија!
Сега раскажувај им на ангелите каква убава младост помина, а како не остана сила во тебе, како пензионерски транзиционен ХЕРОЈ!

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Генијалецот МАКЕДОН освои НОВ ЗЛАТЕН МЕДАЛ на натпревар по математика

Next Post

ВИДЕО: Ѓоковиќ го „спакува“ Вавринка во три сета и се избори за осминафинале на „Вимблдон“

Next Post
ВИДЕО: Ѓоковиќ го „спакува“ Вавринка во три сета и се избори  за осминафинале на „Вимблдон“

ВИДЕО: Ѓоковиќ го „спакува“ Вавринка во три сета и се избори за осминафинале на „Вимблдон“

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Локализиран пожарот кај Богданци, изгоре 500 хектари нискостеблеста шума

Локализиран пожарот кај Богданци, изгоре 500 хектари нискостеблеста шума

2 месеци ago
IN MEMORIAM: Почина актерката Катерина Крстева

IN MEMORIAM: Почина актерката Катерина Крстева

9 месеци ago
Осум години од нападот во Диво насеље

Осум години од нападот во Диво насеље

5 месеци ago
Одбележан патронот на ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци – 60 годишен јубилеј во образованието

Одбележан патронот на ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци – 60 годишен јубилеј во образованието

5 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото
  • Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк
  • Приведен криумчар на казино картички, лекови, брендирана облека

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото

Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото

септември 30, 2023
Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк

Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк

септември 30, 2023

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist