Традиционалните фолклорни репрезенти од Гевгелија и гевгелиско, КУД „Негорци“ од Негорци, неделава од 5 до 8 јули нстапува на XVIII – Интернационален фолклорен Фестивал „Велес 2023“ што се одржува во истоимениот град.
Годинава фестивалот на една сцена собра изведувачи-фолклорни ансамбли од 6 странски земји, 8 ансамбли од Македонија и уште 9 ансамбли, пејачки и музички групи од градот домаќин Велес. На сцената се презентираше фолклор од Македонија, Хрватска, Словачка, Босна и Херцеговина, Северен Кипар и Мексико.
КУД „Негорци“ на сцената настапи со сплет ора од Егејскиот дел на Македонија, поточно ората „Софка“, „Завлечено“ и „Рајко“. Вистинска ризница за око и полна душа за емотивците и познавачите на македонскиот изворен мелос.
За своето учество членовите на КУД „Негорци“ добија посебна Благодарница за учество доделена од општина Велес и Организациониот Одбор на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес“ 2023.
Секаде каде што настапуваат членовите на КУД „Негорци“ со гордост ги истакнуваат ознаките за Македонија и знамето на Македонија.
Така се сака, со песна, со ора, со гордо Македонско знаме!
Инаку, КУД „Негорци“ настапи на првата фестивалска вечер, заедно со уште три ансамбли од Македонија: Ансамбл „Керамичар, АФ „Гоце Делчев“, КУД „Тодор Јанев“.
Од учесниците од странство заедно со играорците од Негорци, на истата сцена следуваа настапите на: КУД „Пакленица“ од Хрватска, КУД „Младост“ од Босна и Херцеговина, ФА „Бејармуду“ Северен Кипар, Фолклорен Ансамбл „Де Тореон“ Мексико и Фолклорен Ансамбл „Љубовнан“ од Словачка.
Традиција која опстојува и зближува – фолклорот меѓу народните од различни земји!