вторник, 16, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Продолжува портокаловата фаза во Македонија – Владата донесе мерки и препораки

Mакедонија влегува во десетдневна портокалова фаза со температури од 40 до 43 степени Целзиусови, Владата донесе мерки и здравствени препораки

јули 17, 2023
in MАКЕДОНИЈА
Продолжува портокаловата фаза во Македонија – Владата донесе мерки и препораки
0
SHARES
707
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Владата на Република Северна Македонија на вчершната седница ја разгледа Информацијата од Министерството за здравство за високите температури што се очекува да продолжат од денеска 17 јули, и усвои соодветни препораки.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, како што извести Министерството за здравство, портокаловата фаза во којашто се наоѓа државата продолжува од 17 јули 2023 година (понеделник) и се очекува да трае во следните 10-тина дена.

Related posts

Демант од Левица: Пратеникот Јанчев немал алкохол во крвта и не возел над дозволеното

Демант од Левица: Пратеникот Јанчев немал алкохол во крвта и не возел над дозволеното

септември 14, 2025
Приведен возач од Гевгелија, учесник во тешка сообраќајна несреќа во која двајца се тешко повредени

Приведен возач од Гевгелија, учесник во тешка сообраќајна несреќа во која двајца се тешко повредени

септември 14, 2025

Сите региони во државата: скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот ќе бидат во портокалова фаза.

Поради тоа, од денеска продолжуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението.

Согласно усвоеното, Владата препорачува:

• Ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години, чии работни ангажмани не е можно да се спроведат преку онлајн работа.

Односно, ослободување од физичко присуство на работното место на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години, со организирање онлајн работата, таму каде техничко-технолошкиот процес го овозможува тоа;

• Во установите за згрижување на децата (градинки), да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

• Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници;

• Со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Температурата во МК од 30 до 40 степени, Најтопло во Гевгелија

Согласно добиените информации, Владата одлучи:

• Државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките;

• Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, пред сѐ избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

• Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници;

• Градинките треба да го организираат работното време во периодот од 7:00 до 17:00 часот, со тоа што не треба да практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот.

Владата одлучи овие мерки да бидат со времетраење од 9 дена, од 17 – 25 јули, до натамошно одлучување.

Владата и надлежните органи постојано ја следат состојбата поврзана со временските температури, со цел навремено преземање соодветни мерки за заштита на граѓаните.

Исто така, Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги задолжи корисниците, односно стопанисувачите со државни шуми, согласно Законот за шумите, да прогласат забрана за движење во шумите, по добиена претходна согласност од надлежното министерство, што ќе се операционализира од  17 јули 2023 година (понеделник).

Забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер. На подрачјето на Водно каде нема забрана за движење, се предвидени редовни контроли.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Лишен од слобода крадец од Богданци

Next Post

ВИДЕО: Газди-хуманитарци

Next Post
ВИДЕО: Газди-хуманитарци

ВИДЕО: Газди-хуманитарци

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Десет пријави за физичко насилство за 24 часа во државата

Десет пријави за физичко насилство за 24 часа во државата

2 години ago
Двојни избори во Македонија – Излезноста во Гевгелија до 11 часот е 18,13 %

Двојни избори во Македонија – Излезноста во Гевгелија до 11 часот е 18,13 %

1 година ago
Приведен 23 годишен гевгеличанец

Приведен 23 годишен гевгеличанец

2 години ago
Средновечен гевгеличанец пронајден мртов во својот дом

Средновечен гевгеличанец пронајден мртов во својот дом

1 месец ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Почина филмската икона – златното момче на Холивуд – Роберт Редфорд
  • Комисија на ОН: Израел врши геноцид во Газа
  • По тешка сообраќајна несреќа кај с.Богородица почина Саше Франгов

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Почина филмската икона – златното момче на Холивуд – Роберт Редфорд

Почина филмската икона – златното момче на Холивуд – Роберт Редфорд

септември 16, 2025
Комисија на ОН: Израел врши геноцид во Газа

Комисија на ОН: Израел врши геноцид во Газа

септември 16, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist