До денеска, ниту половина од сумата потребна за ИТНА операција на Луна Поп-Костова од Гевгелија не се собрани. Од хуманитарните донации на граѓаните до сега собрани се вкупно 26.900 евра, а само за операција се потребни 64.300 евра плус додатни трошоци за специјален превоз, здравствен помошник и послеоперативна терапија.
Заклучно со вчерашниот ден собрани се
– 5.383 Евра преку меѓународната платформа за донации „GoFundMe“;
– 1.024.033 денари преку телефонските броеви за донации
– 300.000 денари од Советот на Општина Гевгелија.
Тоа е 10 дневниот паричен ефект од досега одржаните хуманитарни акции за Луна кои предизвикаа интерес за посета и донирање од граѓаните и медиумска покриеност.
– „Малку сум исплашена и вознемирена, бидејќи сумата не е мала. Се работи за операција која чини 64.300 Евра, а мора прво парите да ги уплатиме за да закажее термин за операција. А, термините се после 1-2 месеца, што уште повеќе ја отежнува состојбата на Луна. Во моментот таа се здоби со почетна пневмонија која уште повеќе ја отежнува здравствената состојба на Луна. Ја однесовме на преглед во „Ројал медика“, направија рентген, ехо на абдомен и така откриена е пневмонијата во почетен стадиум. Девојчето почна да се жали на болки во градниот кош“ – вели мајката на Луна, Елена Поп-Костова, за денешниот статус со здравјето на Луна и надежите за одење на операција во Турција за спас од немилосрдната сколиоза која и’ го искровува ‘рбетот на Луна и ги притиска нејзините органи.
Пожртвуваната мајка уште се надева на помош од добрите луѓе, но живее во грч за потребата од очекуваната помош, временскиот краток рок за интервенција и потешкотиите во дишењето кои ги има Луна.
– „Сега сме во рацете на Господ, како ќе биде неговата воља. Тешко ми е плачам, се кријам од другите четири мои деца, се држам некако и се надевам“ – изјави за GevgelijaNET храбрата мајка на 14 годишната Луна од Гевгелија.
Можете да се приклучите и ВИЕ со Ваша донација со вртење на донаторските броеви:
A1 143-478
T-mobile 143-103
Go Fund Me: https://gofund.me/45bc4a15
ИЗДРЖИ ЛУНА! СИТЕ ТЕ САКАМЕ!