Секаде каде настапуваат се забележителни со Признанија за сценски настап. Таков е македонскиот фолклор, а така со успех го презентира и шири секаде каде што учествува и КУД „Негорци“ од Негорци.
Деновиве од 14 до 20 јули членовите на ова дводецениско културно-уметничко друштво од Гевгелиско се на меѓународна турнеја во Романија. Настапуваат во пет различни градови од областа Аргеш во Романија. Секаде беа дочекувани со добредојде и прием кај градоначалниците во градовите каде настапуваа, како и прием кај првиот човек на областа Аргеш, Граодначалникот Адријан Димитру Бугиу.
Од извнредната изведба на сцена со богатиот звук и колорит на македонскиот фолклор успееја да ја пленат публиката и да добијат СЕРТИФИКАТ за освоена НАГРАДА за најуспешен сценско-уметничкиот настап и презентација на традиционалниот фолклор.
Ора и тапани и орната игра на нашите младинци од КУД „Негорци“ ги тресеа сцените во пет градови од 37-от Интернационален фолклорен фестивал „CARPATI“ во Романија. Наградата која ја освоија лично им ја предаде Градоначалникот Адријан Димитру Бугиу.
Меѓу учесниците на Имтернационалниот фестивал беа и КУД од Турција, Грузија, Србија, Бугарија и други земји од Балканот.
Поздрав од Питести, Романија со фотографиите од играорците од КУД „Негорци“ и вредната награда за севкупен сценски настап што ги засени сите.