Со прелети на хеликоптерите на МВР доцна попладнето пред смрачување пожарот кај месноста „Брдаров камен“ во атарот на Богданци, е локализиран. Хеликоптерите на МВР исфрлија 17 тони вода на места каде пожарот беше активен. Пожарот е локализиран, спречено е негово ширење кон пределот каде се поставени ветерниците, но поради смрачување, односно слаба видливост, сѐ уште не е изгаснат, известува МВР. Притоа, во гаснењето на пожарот покрај МВР и ДСЗ, учествуваат и пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Дојран и Валандово.
Од Центарот за управување со кризи известуваат дека првичната проценка е дека пожарот изгорел околу 500 хектари ниско стеблеста шума.
Силниот ветер ја отежнуваше работата на пожарникарите и авионите „Ер трактори“ во акцијата за локализирање на огнената закана. Ветрерот во правец север – североисток го „носеше“ огнот во правец кон верерниците на Погана. Овде известуваат од ЦУК пожарот ги зафатил ветерниците 13, 14, 15 и 16, ги поминал и продолжил со својот огнен пустош понатаму.
Вака изгледаше глетката од близу во опожареното подрачје околу 20 часот:
Во ноќни услови не се возможни прелети на авионите со кои располага ЦУК, ниту на хеликоптерите на МВР. Вака изгледаа леталата на терен::
Екипите на ТППЕ Гевгелија се вратија од терен по замрачувањето, бидејќи нема видливост за пристапноста на теренот, а дежурни екипи на ШС ги контролираат згариштата за да не се случи нивно повторно активирање.
Долга немирна ноќ за жителите на околните населби, Богданци, Ѓавото и сопствениците на околните земјоделски имоти.