После затекнати криумчари на мигранти во населба „Караорман“ на северозападниот дел на Гевгелија, криумчари почнаа да се движат и по главната влезна/излезна сообраќајница во Гевгелија, булеварот „Гевгелија“. Каква дрскост од криминал.
Утрово, (12.08.2023) во 07:40 часот на бул.„Гевгелија“, поточно на излезот од Гевгелија, полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода К.В.(22) од Лесковац, Р.Србија, поради сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“.
Тој управувал патничко возило „Опел Сигнум“, со српска национална ознака, кое учествувало во сообраќајна незгода, а во него биле затекнати 8 лица илегални мигранти од Сирија.
К.В. е приведен во Полициска станица и во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Лицата мигранти ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ кај Гевгелија.