Службите за информирање при Општина Гевгелија најавуваат дека следната недела Советот на општината ќе ја одржи својата редовна 29-та седница, која е закажана за 17 јули.
На истата ќе се распарава и за финансиска помош на малата Луна Поп-Костова од Гевгелија, која деновиве ги обедини децата и граѓаните на Гевгелија во хуманиот штанд со слатките крофни за нејзина помош за лекување.
Точката „Предлог-Одлука за исплата на финансиска помош на лицето Луна Поп-Костова од Гевгелија за медицински третман во приватна клиника во странство“ е на самиот врв на предложениот Дневен ред за работа на седицата, односно со редослед Точка 2. Службите не известуваат кој износ на средства наменети за лекување на Луна се предвидени во одлуката.
За Предлог одлуката да биде валидна со моќ истата да насочи одредена сума на пари од Буџетот на општината кон донаторската сметка за лекување на Луна, ќе треба да се изјаснат позитивно мнозинството советници во локалниот совет на Општ. Гевгелија.
Досега Советот на општината се изјаснувал едногласно „позитивно“ за ваквите потреби на своите сограѓани на кои им е потребна помош за лекување. Таков беше случајот со Дамјан, со Емилија, со Елизабета.
Да и’ посакаме среќа на Луна во понатамошната прва битка – да собете доволно средства, и во најважната битка – да оди на операција и да ја победи сколиозата која ја гуши!
Ако сакате и Вие да помогнете, свртете на донаторските броеви:
A1 143-478
T-mobile 143-103
Go Fund Me: https://gofund.me/45bc4a15