Новак Ѓоковиќ го освои трофејот од Синсинати во гладијаторска битка против младиот шпанец Алкарас.
Со резултат од 2:1 во сетови (5:7; 7:6, 7:6) Новак го смести шпанскиот тенисер Алкарас зад себе и му покажа дека се’ уште е No1.
Со победата во Синсинати тој го собори рекордот стар 53 години на овој Мастерс – со своите 36 години Новак стана најстариот победник на турнирот во Синсинати. Претходниот рекорд го држеше Австралиецот Кен Роузвол кој го освои турнирот во 1970 година, на свои 35 години 8 месеци и 19 дена.
Победата на Синсинати Мастерсот за Ѓоковиќ е 1.069-та победа во кариерата. Во моментот тој е светски тенисер со најголем број на победи од активните играчи.
Тениската машина од Србија на 28 август ќе атакува за трофејот од “USA Open”!
Уште е гладен за трофеи.