петок, 4, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА

Матичните лекари добиваат повеќе ингеренции за препишување лекови на хронични пациенти

Матичните лекари отсега ќе може да препишуваат хронична терапија за најчестите болести без пациентот да биде препраќан на специјалист, според точно дефинирани упатства. Тука спаѓаат лековите за висок притисок, тироида, дијабетес и астма

август 21, 2023
in ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
Матичните лекари добиваат повеќе ингеренции за препишување лекови на хронични пациенти
0
SHARES
87
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Матичните лекари отсега ќе може да препишуваат хронична терапија за најчестите болести без пациентот да биде препраќан на специјалист, според точно дефинирани упатства. Ова на денешниот брифинг со новинарите го најавија Министерот за здравство Фатмир Меџити и д-р Злате Мехмедовиќ координатор за реформи за примарна здравствена заштита при Министерството за здравство.

Д-р Мехмедовиќ рече дека со реформите на примарната здравствена заштита практично го децентрализираат системот.
– „Ги доближуваме услугите до граѓаните, нема потреба од закажување преглед кај специјалист за препишување терапија, променет е режимот на препишување на лековите за крвнот притисок, повеќе лекови за контрола на масти кај дијабртичарите, повеќе лекови за астма, ХОББ, повеќе лекови за тироидоза. Матичните лекари имаат повеќе ингеренции може да пишуваат упати кон лабораторија за да го следат пациентот и може да ги препишуваат лековите со исти компетенции, како тоа што досега го правеа лекарите специјалисти. Има два типа на рецепти, едниот е оној што го препишува матичен лекар и еден кој го препишува лекар специјалист. Сега дел од овие лекови ќе може и матичните лекари да го препишуваат, нешто што подолго време го бараа. Нема да се загуби ништо во квалитетот во следење на пациентот“, рече д-р Мехмедовиќ.

Related posts

Весна Чакалова носителка на титулата “The Grace Empress 2025”

Весна Чакалова носителка на титулата “The Grace Empress 2025”

јуни 29, 2025
ХУМАНИТАРЕН АПЕЛ: Да помогнеме за здравјето на МАРКО!

ХУМАНИТАРЕН АПЕЛ: Да помогнеме за здравјето на МАРКО!

јуни 27, 2025

Министерот за здравство Фатмир Меџити пак рече дека овие промени се прават во насока да им се олесни на оние граѓани кои не живеат во Скопје, а треба да се препише терапија за некој нивен близок кој не е во можност сам да доаѓа на преглед. Според него со овие промени веќе нема да мора граѓаните да мора да губат ден од работа, за да дојдат да препишат терапија за нивен родител или друг член од семејството.

Тие најавија дека промените во работата на матичните лекари ќе бидат објавени утре во служвен весник, и дека потоа тие веднаш ќе може веднаш да се применуваат.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој појасни дека одреден пациент од Крива Паланка, од Ресен или од Струга, што треба да стане во пет часот наутро и да патува со возило, со автобус, да изгуби работен ден, тој што има постари родители и да дојде да потпише за терапија, таа конзилијарната терапија што се препишува само на терцијарно здравство, односно на Клинички центар, отсега натаму ќе се препишува кај фамилијарните доктори.

  • „Ова е една од првите големи промени што ќе се случат во примарната здравствена заштита. Знаете, еден таков член на фамилија кога имате болен треба да дојдете во Скопје тој ден да потрошите и ден и да потрошите најмалку за превозни средства околу 2-3 илјади денари и тоа пациентите најдобро го знаат. Ова е првата мерка што ви ја најавив и првиот ден кога стапив како министер со мојот кабинет. И понатаму ќе следат и другите сите промени. Воедно да кажам дека во примарната здравствената заштита еднаш засекогаш правиме децентрализација на здравство, тоа што не успеавме еве со општините, со локалната власт да го направиме индиректно, ние преку примарната здравствена заштита ќе направиме децентрализација тотално на цело здравство низ цела држава. И едно да ви е јасно и на целата јавност дека еднаш засекогаш работите во здравство ќе почнат да се решат кога ќе имаме добра основа, кога ќе ги имаме овие промени во примарната здравствена заштита“, подвлече министерот.

Тој изрази посебна благодарност до Канцеларијата на Светската здравствена организација за континуираната техничка помош и поддршка за зајакнување на здравствениот сектор во нашата држава, како и до сите колеги и соработници, вклучени во процесот, кои активно придонесуваат за унапредување на здравствениот систем и приближување на здравствените услуги поблиску до пациентите.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Новак го освои трофејот на Синсинати

Next Post

Нов детски парк во Негорци

Next Post
Нов детски парк во Негорци

Нов детски парк во Негорци

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

По масакрот во Белград: Мајката на Коста може да заврши во затвор

По масакрот во Белград: Мајката на Коста може да заврши во затвор

2 години ago
Гевгелија утрово се разбуди со -2°C

Гевгелија утрово се разбуди со -2°C

2 години ago
Антикорупциска казни со по 300 евра актуелни и поранешни министри, пратеници и директори

Антикорупциска казни со по 300 евра актуелни и поранешни министри, пратеници и директори

4 месеци ago
Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

4 дена ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки
  • Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско
  • За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist