сабота, 30, септември 2023
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Амбасадорката на САД и Министерот на МВР во посета на ГП „Богородица“

Спасовски и Агелер во оваа прилика ги посетија и вработените полициски службеници на овој премин, донирајќи вредна поддршка од Амбасадата на САД, т.н. боди камери за потребите на гранична полиција и специјализирани возила за откривање радиоактивен материјал или радиолошка заштита

август 22, 2023
in MАКЕДОНИЈА, ФОКУС
Амбасадорката на САД и Министерот на МВР во посета на ГП „Богородица“
0
SHARES
156
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Анџела Агелер, остварија работна посета на Граничниот премин „Богородица”, при што се сретнаа со раководството на Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ и беа брифирани за постигнатите резултати на овој граничен премин.

Спасовски и Агелер во оваа прилика ги посетија и вработените полициски службеници на овој премин, донирајќи вредна поддршка од Амбасадата на САД, т.н. боди камери за потребите на гранична полиција.

Related posts

Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото

Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото

септември 30, 2023
Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк

Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк

септември 30, 2023

– „Со донацијата на нови т.н. „боди камери“ за полициските службеници, наменети за документирање на полициското постапување во остварувањето на работните задачи и обврски, како и на двете специјализирани возила за откривање радиоактивен материјал или радиолошка заштита, едното за Регионалниот центар „Југ“, а другото за „Север“, дополнително ќе се зголемат квалитетот и ефикасноста на работењето во сите сегменти од полициското дејствување. Морам да кажам дека во досегашното работење употребата на боди камерите се покажа како исклучителна алатка во борбата против корупцијата.
Само во рамките на оваа област во првите шест месеци годинава откриени се 49 кривични дела, и овие кривични дела бележат намалување за 22% споредбено со истиот период лани”, рече министерот Спасовски.

Притоа, тој сподели статистички податоци за резултатите на работата на РЦ ЈУГ:
– „Имаме драстично намалување на илегалната миграција во рамки на овие осум месеци годинава, во споредба истиот период лани за речиси 80 проценти, евидентирано е зголемување на откривачката функција во делот на криумчарење стоки и недозволена трговија за околу 50 проценти, компаративно со истиот период лани, а истовремено, граничната полиција продолжува успешно да ја извршува својата контролна улога независно што годинава се бележи рапиден пораст на протокот на патници, споредено со ланската година или со 2021”, информираше министерот Спасовски.

Амбасадорката на САД, Агелер ги изрази гордоста и задоволството од исклучителната соработка меѓу САД и Република Северна Македонија, за позитивните и видливи резултати од таа соработка, за што упати благодарност до министерот Спасовски. Таа потенцираше дека изминативе неколку години, од 2016 година наваму вложени се околу 4 милиони долари како поддршка на граничната безбедност, а меѓу нив е и опремата од „боди камери“, кои се алатка во борбата против корупцијата. Притоа, амбасадорката Агелер честитајќи му на министерот Спасовски за одличната работа на македонската полиција, потенцираше дека Амбасадата на САД е силен партнер на МВР, а соработката ќе продолжи и во иднина, бидејќи истата е критична за просперитетот на земјата.

Денешнава работна посета министерот Спасовски и амбасадорката на САД, Агелер ја искористија и да направат увид во поставено возило со термални камери на Вршник Баре, како и обиколка и презентација на Транзитниот центар Винојуг.


Во изјава за медиумите министерот Спасовски потенцираше дека со заедничката посета имаат за цел да се увиди на терен како дејствува македонската полиција, со поддршката од амбасадата на САД преку вредна донација во техничка опрема за потребите на граничната полиција, а во насока на зајакнување на заедничката борба против корупцијата.

Спасовски го истакна значењето на соработката со САД, изразувајќи благодарност за поддршката на МВР.
– „Овие резултати пак се должат, меѓу другото, и на постојаното професионално, материјално-техничко и организационо унапредување на функционирањето на граничната полиција во кое што свој дел или заслуга бездруго има и пријателската помош што ја добиваме од нашите западни партнери, за што во свое и во име на МВР упатувам искрена благодарност до Владата на САД и Амбасадата на САД во Република Северна Македонија. Ве уверувам дека продолжуваме со зголемен интензитет во борбата против криминалот од секаков вид, особено во борбата против корупцијата, која ја зацртавме како заеднички приоритет”, истакна Спасовски.


Веднаш по завршување на посетата, министерот Спасовски на покана од амбасадорката Агелер во Дојран, денот го заокружи со поддршка на женското претприемништво, поточно на сопственичка на угостителски објект, како уште една потврда за заедничката заложба за родова рамноправност.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Дониран училишен прибор од „AЏИКО Home Center“ Гевгелија

Next Post

Тешка сообраќајна несреќа на влез во Гевгелија

Next Post
Тешка сообраќајна несреќа на влез во Гевгелија

Тешка сообраќајна несреќа на влез во Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Одржани Првомајските трки во Стојаково

Одржани Првомајските трки во Стојаково

5 месеци ago
Македонските тимови на ДЗС и АРМ за два дена спасија два живота во Турција

Македонските тимови на ДЗС и АРМ за два дена спасија два живота во Турција

8 месеци ago
Божица Јакимова – државен првак по Филозофија

Божица Јакимова – државен првак по Филозофија

7 месеци ago
Празнична Пожарна

Празнична Пожарна

9 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото
  • Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк
  • Приведен криумчар на казино картички, лекови, брендирана облека

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото

Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото

септември 30, 2023
Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк

Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк

септември 30, 2023

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist