Приведен бегалец од затвор, жител на општина гевгелија и вратен е во Затвор Идризово на доиздржување на казната
МВР јавува дека вчера, (среда, 23.08.2023 г.) околу 18:00 часот на подрачје на Гевгелија, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек „Потраги“ го лишиле од слобода И.К.(39) од с.Моин, гевгелиско.
Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор „Идризово“ поради бегство од затворот.
И.К. во КПУ „Идриово“ имал за доиздржување скоро четири години од казната.
Лицето било спроведено во казнено – поправната установа за доиздржување на казната.