ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против А.М.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 04.07.2022 во Градскиот парк во Стар Дојран, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле синтетичка дрога LSD.
Кривичната пријава е доставена до надленото обвинителство, ОЈО Гевгелија кој треба да постапува по истата.
Дваесетгодишникот од Скопје се соочува со обвинение по член 215 од Кривичниот законик каде му се запретува казна затвор во траење од шест месеци до три години за помала количина дроги, односно казна затвор од три до 10 години за поголема количина наркотични дроги.
Во соопштението што го објавува МВР не е наведена количината на пронајдената дрога, која е предмет и составен дел од Кривичната пријава, по која ќе постапува Гевгелиското обвинителство.