четврток, 13, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

АК „7 Ноември“ Гевгелија – 7 подиуми освоени на „Кавадаречки полумаратон“

ВИДЕО: Вкупната берба на медали е: 4 први места (2 поединечни и 2 екипно), 2 втори места и едно трето место. Сите поединечни медали, вкупно 5, ги освоија младите од „Школата за атлетика“ при АК „7 Ноември“

март 9, 2026
in СПОРТ
АК „7 Ноември“ Гевгелија – 7 подиуми освоени на „Кавадаречки полумаратон“
0
SHARES
372
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Вчера, недела, на 8-мо мартовскиот празничен ден во Кавадарци се одржа осмиот по ред „Кавадаречки полумаратон“ 2026, на кој настапија околу 500 атлетичари. Меѓу побројните атлетски клубови од државата кои настапија на Кавадаречкиот полумаратон беше АК „7 Ноември“ од Гевгелија со вкупно 61 натпреварувачи и тоа 36 во категоријата деца и 25 во категориите за сениори.

Гевгелиските атлетичари освоија СЕДУМ ПОДИУМИ, ДВЕ ПРВИ МЕСТА во екипен состав во категоријата трка на 5 километри сениори во женска и во машка конкуренција и едно ВТОРО место во поединечна конкуренција.
Младите атлетски сили од „Школата за атлетика“ при АК „7 Ноември“ ги запоседнаа подиумите во категоријата деца со освоени 4 подиуми, 2 ПРВИ места, едно ВТОРО и едно ТРЕТО место.

Related posts

Коста Попристовски од Богданци – Меѓународен шаховски првак У16

Коста Попристовски од Богданци – Меѓународен шаховски првак У16

август 9, 2026
Гевгелија и Македонија подготвени за стартот на Европското првенство!

Гевгелија и Македонија подготвени за стартот на Европското првенство!

август 6, 2026

Носители на победничките резултати и својувачи на подиуми во „Детската трка“ во Кавадарци се следните атлетичари од Гевгелија:
1. ТОМЧЕ ПЕТКОВ – ПРВ на трка од 200 метри (категорија 6 и 7мо одделенци) – (возраст 10 години)
2. ЃОРГЕ ПАПУЧИЕВ – ПРВ на трка од 500 метри – (13 годишен)
3. ДРАГИ ИТОВ – ВТОР на трка од 500 метри
4. МАКСИМ АНГОВ -ТРЕТ на трка од 500 метри – (13 годишен)

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – ПРВ на 200 метри
ЃОРЃИ, ДРАГИ и МАКСИМ – ги запоседнаа сите три подиуми на трката од 500 м

Победничкиот тим од женскиот состав ја истрча патеката од 5 км со најдобро вкупно заедничко време од 01:20:55. Тимот кој се искачи на највисокиот победнички подиум го сочинуваа:
– Ана Бегова – време 00:22:47
– Надица Панова – време 00:28:44
– Стефанија Маркова – време 00:29:24

СТЕФАНИЈА, АНА; Надица – Прво место екипно жени 5 км

На истата траса од 5 км најдобро време од 01:09:39 постигна тимот на АК „7 Ноември“ (мажи), а истиот го сочинуваа:
– Максим Ангов – време 00:21:27 – (13 год. возраст)
– Томче Петков – време 00:21:28 – (10 годишен)
– Ѓорге Папучиев – време од 00:26:44 – (13 години)

Во севкупенна конкуренција на 5 км мажи овие млади атлетичари од АК „7 Ноември“ од 10 и 13 години се пласираа на 8, 9 и 34-то место од близу 200 учесници.

МАКСИМ, ТОМЧЕ и ЃОРГЕ – ПРВ тим на трка 5 км мажи (сениорска конкуренција)

Поединечно најдобар пласман од гевгелиските атлетичари вчера во Кавадарци оствари АНА БЕГОВА со освоено ВТОРО место на трката од 5 километри, искачувајќи се на подиумот меѓу поголемите, поискусните. Ана има само 11 години, а зад себе остави 32 и 33 годишни атлетичарки.

На трката од 5 км освен победничкиот тим од атлетичарките и атлетичарите од Гевгелија настапија и Јована Дичева, Марија Атанасова, Александра Крајчева, Нада Карова, Добрилка Семенакова, Живко Костадинов, Игор Коцевски и Слободан Дичев.

Од машките на 5 км одличен резултат постигна Максим Ангов, кој со своите 13 години постигна 6-то место во конкуренција од 141 сениори, учесници на трката.

На трката од 10 км најдобро време од гевгелиските атлетичари постигна Рената Тот стасувајќи 12-та на целта со истрчано време од 00:58:52 минути. Од машките на 10 км најдобро време имаше Борче Узунов од 00:49:56 и стаса на целта како 26-ти од 141 учесника.

Драган Ристов, Васил Самарџиев, Туртуров со колеги атлетичари на „Кавадаречки полумаратон“

На полумаратон трката од 21,1 километар од Гевгелија настапија: Васил Самарџиев кој оствари најдобар резултат (01:53:19 h) стасувајќи 48-ми на целта од 83 учесника, потоа Јован Петров (01:55:23) и Драган Ристов (02:04:38 h).

Се’ на се’ успешен спортски ден за гевгелиските атлетичари. Доминираа извонредните тимски резултати каде пресудна е поддршката, потстрекот, довербата, а се покажаа во најдобро светло и младите сили од „Школата за атлетика“ кои ги освоија сите 5 поединечни медали освоени со боите на АК „7 Ноември“ на 8-миот Кавадаречки полумаратон.

Честитки за сите учесници и носителите на медали!

Младите атлетски сили на АК „7 Ноември“ со своите тренери Влатко Семенаков и Тоше Анчев
ShareTweetShareSend
Previous Post

Од полноќ НОВИ ПОВИСОКИ ЦЕНИ на горивата!

Next Post

Лишен од слобода возач од Гевгелија

Next Post
Лишен од слобода возач од Гевгелија

Лишен од слобода возач од Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Освоени ДВА подиума и ПЕТ медала од гевгелиските средношколки на ДП во атлетика

Освоени ДВА подиума и ПЕТ медала од гевгелиските средношколки на ДП во атлетика

1 година ago
И МИХАЕЛА Е ЖИТЕЛКА НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА И ЧЕКА ПОМОШ ОД ❤

И МИХАЕЛА Е ЖИТЕЛКА НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА И ЧЕКА ПОМОШ ОД ❤

2 години ago
Влатко Семенаков – ТРЕТО место на Белградскиот полумаратон во М40+ категорија

Влатко Семенаков – ТРЕТО место на Белградскиот полумаратон во М40+ категорија

1 година ago
ВИДЕО: Празнична песна од К-15 „Новогодишна поопштонародна“

ВИДЕО: Празнична песна од К-15 „Новогодишна поопштонародна“

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода
  • Село УМА, гевгелиско – Моќта на традицијата

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026
Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

август 12, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist