Сојузот за Спорт и рекреација на инвалиди Гевгелија организираше општински натпревар во пинг понг за инвалиди на кој „Мобилност“ Гевгелија учествуваше со десетина свои членови.
Во категорија мажи со телесен инвалидитет пласманите се следни:
1. Прво место освои Никола Пеев од Стојаково,
2. Второ место Илчо Кангов Гевгелија и
3. Трето место Горан Џелајков од Стојаково.
Во категоријата жени со телесен инвалидитет најдобрите три во пинг понг се:
1. Прво место за Благица Ѓоргиевска Валандово,
2. Второ место за Љубица Марковска Гевгелија и
3. Трето место Валерија Пеева Стојаково.
Во категоријата слабовидни лица прво место за Лана Трајкова и второ место за Елена Проданова.
Се играше и категорија микс мажи и жени со телесен инвалидитет и слабовидни лица.
Натпреварот се одржа во просториите на Инвалидските организации во зградата на социјаното во Гевгелија. каде неодамна Црвениот крст од Гевгелија донираше маса за пинг понг за слабовиддните лица за рекреација, развивање на чулата и моториката. Еве сега докажуваат дека се снаоѓаат на зелената табла за пинг понг.
Настанот беше поддржан од Црвен крст Гевгелија со присуство на волонтери од Младинскиот клуб на ЦК. На спортските натпревари беше присутна и претседателката на Фондацијата „Ице Бегов“ која на почетокот на годината донираше специјално возило за потребите на инвалидизираните лица од Гевгелија.