сабота, 5, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Пожарот долж границата со Грција е целосно ликвидиран – изгоре над 200 хектари шумски појас

ПП сили од ТППЕ Гевгелија помогнати од ДППД Дојран успеаја да го стават под контрола, а потоа и ликвидираат вечерта до 18 часот. Денеска останаа 200 хектари под пепел на Карабали

септември 1, 2023
in ФОКУС
Пожарот долж границата со Грција е целосно ликвидиран – изгоре над 200 хектари шумски појас
0
SHARES
104
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Вчерашниот пожар што избувна во атарот на село Селемли, општина Богданци ги ангажираше ПП сили од Гевгелија и Дојран кои успеаја да го стават под контрола, а потоа и ликвидираат вечерта до 20 часот.

На терен беа екипи на ТППЕ Гевгелија со 8 пожарникари и три ПП возила, Доброволното ПП друштво од Дојран со 3 пожарникари и едно ПП возило, ШС „Кожув“ Гевгелија со 7 вработени и теренски возила, лица од Дирекцијата за заштита и спасување и вработени во Центарот за управување со кризи.

Related posts

Гевгелија под сончева опсада

Гевгелија под сончева опсада

јули 5, 2025
НИНА ПЕТКОВА – Првенец на генерацијата 2024-2025

НИНА ПЕТКОВА – Првенец на генерацијата 2024-2025

јули 4, 2025

– „До 18 часот огнот беше ставен под контрола. Нашата единица заедно со ДППД успеа да спречи пожарот да се упати кон с.Селемлија. Куќите, имотите, нивите и посевите на таможните жители беа под ризик, но ја пресековме таа линија на горење. Пожарот продолжи долж граничната линија и навлезе и на Грчка територија. Тамошните противпожарни сили исто така излегоа на терен и гаснеа од грчка страна“ – изјави за GevgelijaNet командирот на ТППЕ Гевгелија Игор Ризов.

Ова беше долг работен ден за единицата на ТППЕ, осум часови во борба со огнот, чадот и заканите да не се прошири пожарот и загрози нечиј живот или имот.  На помош на тимот за гаснење беа и две летала „Ер-трактори“ на ДЗС активирани од ЦУК. Леталата полнеа вода од Дојранското езеро.

Ер-трактори истураат вода врз опожареното подрачје на Карабалија

Од 18 до 20 часот вработени од ШС „Кожув“ го контролираа опожареното подрачје да не настанат нови самопотпалувања. Ноќта почвата се лади и огнот немаше сила. Утрово нов тим од 12 лица од ШС го контролираа теренот и интервенираа таму каде имало сомнежи за активација на огнот.

Денешната гледка од теренот е жална. Изгоре над 200 хектари шумски појас од квалитетна, но и ниска деградирана шума. Штетата на природата е огромна.
Теренот беше тежок за пожарникарскиот тим бидејќи беше опожарено подрачјето кое за време на војните имало бункери, оставена муниција, експлозивни средства. Во текот на вчерашниот ден беа слушнати и 20 експлозии од опожарената муниција за време на пожарот.

Денеска остана само пепел долж граничната линија со Грција во месноста Карабали.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Започна учебната година – нов почеток за 228 првачиња во Гевгелија

Next Post

Приведен жител на Негорци

Next Post
Кривична пријава и притвор за жител на Гевгелиско

Приведен жител на Негорци

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Невреме столчи 10-ци хектари под пластеници во струмичко

Невреме столчи 10-ци хектари под пластеници во струмичко

4 недели ago
Нов рекорд на Ѓоковиќ по денешната победа во САД

Нов рекорд на Ѓоковиќ по денешната победа во САД

10 месеци ago
Историско сеќавање – 79 години од палењето на с.Конско од бугарскиот окупатор

Историско сеќавање – 79 години од палењето на с.Конско од бугарскиот окупатор

3 години ago
Повторно АЈКУЛА во Грција – на 80 метри од брегот

Повторно АЈКУЛА во Грција – на 80 метри од брегот

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро
  • Гевгелија под сончева опсада
  • НИНА ПЕТКОВА – Првенец на генерацијата 2024-2025

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро

МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро

јули 5, 2025
Гевгелија под сончева опсада

Гевгелија под сончева опсада

јули 5, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist