Преку спортот до хумани донации за социјално загрозени лица е целта на неодамна одржаниот Втор по ред Хуманитарен пинг-понг турнир во Гевгелија, во организација на Црвениот крст од Гевгелија, а со помош на Клубот на волонтери на младите од ЦК.
Турнирот се одржа на 2 и 3 септември во спортската сала „26 Април“ и собра над 70 љубители на пинг понг кои се натпреваруваа во поединечна конкуренција и во двојки.
Во дводневната хумана спортска приказна беа одиграни вкупно 78 пинг-понг натпревари, а најдобрите на турнирот се закитија со медали:
1. Кристијан Бојмалиев- ЗЛАТЕН медал – категорија поединци
2. Момчило Делев – СРЕБРЕН медал – категорија поединци
3. Екипата на „Homemade“ Негорци – ЗЛАТЕН медал -категорија двојки
4. Тимот на „Моки Мебел“ – СРЕБРЕН медат – категорија двојки
Треба да се напомене дека Kристијан Бојмалиев е двоен победник и како поединец и како член на тим во двојки со екипата на „Homemade“ Негорци на одржаниот Втор по ред Хуманитарен пинг-понг турнир во Гевгелија
Организаторите се задоволни од одзивот на учесници кои за овој турнир издвоија котизација од 300 денари за поединци, односно 400 денари за парови, сума која влезе во донаторскиот фонд за хуманатрниот карактер на турнирот.
Пинг-понг турнирот се одвива втора година по ред во организација на општинскиот Црвен крст и оттаму заложбата одзивот на овие спортисти ентузијасти да се преточи во организарање на спортски клуб во пинг-понг во Гевгелија, кој би бил прв ваков тим во градот. Оваа своја заложба тие ја проследија до Општина Гевгелија.
Собраните средства од хуманитарниот турнир ќе бидат наменети за помош на жители на општина Гевгелија кои се во социјален ризик.
Фото: ЦК Гевгелија